💼 Како да им дадете повисока “плата” на вашите луѓе – без да ги покачите придонесите?

Сите сакаме да ги наградиме лојалните и вредни соработници. Но, да ја покачите платата значи и зголемени трошоци за придонеси и даноци – што за многу компании е нерентабилно.

📌 Постои правно издржано и практично решение: Ангажирање на вработени како трговци поединци.

Што добивате вие?

✅ Намалени вкупни трошоци
✅ Префрлена одговорност за даноци и придонеси
✅ Флексибилност и поефикасно работење
✅ Привлечна “нето-плата” за соработниците

Што добиваат тие?

💰 Поголема нето заработка
💼 Слобода да управуваат со својот статус
📈 Можност да работат со повеќе клиенти и растат како бизнис

 

Овој модел е сѐ почест кај стартапи, ИТ компании, маркетинг агенции и консултанти. Но, може да функционира и во многу други сектори.

⚠️ Важно: Ангажирањето мора да биде договорно чисто, со јасно определени обврски и одговорности – ова не е заобиколување на законот, туку користење на можностите што ги нуди.
📣 Размислете: Наместо “вработен”, можеби следниот ваш “соработник” треба да биде трговец поединец.

 

Доколку ви треба помош за правна рамка, договори и совет дали вашиот модел на работа дозволува ваков пристап – слободно пишете ми.

 

 

Автор: Бојан Ваневски

Contact – Law Office Vanevski