Откако го поминавте продолжениот викенд на планина или на плажа, далеку од градскиот метеж и секојдневната врева, утрово веројатно си помисливте:
„Да можев да си ја работам работата од каде сакам“?!

Светот како ваша канцеларија!
Најбараните работи што можете да ги работите од било која локација:
Замислете денот да го почнувате со шумот на брановите, со лаптоп во скут и кафе во рака. Доколку тоа ви звучи како работа од соништата, можеби е време да барате работа која можете да ја работите буквално од било каде на светот. Таквите работи, познати како work-from-anywhere (работи од каде што сакаш), им овозможуваат на вработените комплетна слобода да ја изберат својата локација. За разлика од класичните „далечински“ работи кои често ве врзуваат за одреден град или држава поради даночни и правни регулативи, work-from-anywhere работите нудат максимална флексибилност и слобода.
„Овие работи им овозможуваат на луѓето навистина да живеат живот каков што го сакаат – каде и да се наоѓаат“, објаснува експертот за кариера од платформата FlexJobs, Кит Спенсер за CNBC.
Најбараните области за работа од каде било да сакате FlexJobs ја анализираше својата база на реклами за работа помеѓу јануари и април 2025 и издвои десет области во кои моментално најмногу се бараат работници за работа од било каде:
• Информациони технологии
• Управување со проекти
• Маркетинг
• Оперативно управување
• Корисничка поддршка
• Комуникации
• Сметководство и финансии
• Продажба
• Бизнис развој
• Пишување и создавање содржина
Во однос на претходната година, кога најбараните позиции беа како account executive, content writer и data analyst, оваа година најмногу се бараат менаџери за корисничка поддршка, извршни асистенти и научници за податоци (data scientists).
И додека областите како што се корисничка поддршка и пишување се во благ пад, значително се зголемиле потребите за кадри во операциите, комуникациите и бизнис развојот. Но не заборавајте – овие работи не се за секого. И покрај популарноста, ваквите работи сочинуваат помалку од 5% од вкупната понуда за работа на далечина, покажуваат податоците на FlexJobs.
Покрај тоа, бараат значително повеќе искуство – дури 76% од огласите се за кандидати со претходно работно искуство, додека само 3% се позиции на почетно ниво наменети за новодојденци.
„Работите кои можете да ги правите од било каде носат одредени предизвици, “вели Спенсер. „Не сакате некој кој во целост е нов во работата веднаш да го турнете во такво опкружување – бидејќи е потребна самостојност и конкретна вештина за успешно функционирање.
“Кои вештини се клучни? Ако целите на ваква работа, подгответе се да покажете следните:
• Одлично управување со времето
• Јасна и професионална комуникација
• Способност за решавање проблеми
• Критичко размислување
• Техничка самостојност
Многу од овие позиции подразбираат асинхронска работа, што значи дека нема да бидете онлајн во исто време со тимот – затоа е важно да знаете да решавате технички проблеми без помош на ИТ одделот.
Спенсер советува: „Не зборувајте само дека знаете – покажете. Наведете конкретни примери и ситуации во кои сте ги користеле вашите вештини и сте постигнале резултати.“


