Кај помладите вработени се појавува нов тренд наречен „job scrolling“, кој би можел да ги загрижи работодавачите. 

Се поставува прашањето: Зошто Gen Z гледа огласи за работа и за време на работното време?
„Зошто го прави тоа? Зарем нема работа?“

 

Можеби вистинското прашање е друго:

Што направивме како работодавач за вработениот да сака да остане?

Луѓето не гледаат огласи само затоа што сакаат да заминат. Понекогаш сакаат само да знаат дека имаат опција.

Ако вработениот постојано гледа што има „надвор“, можеби проблемот не е во LinkedIn.

Можеби е во тоа што внатре не гледа доволно причини да ја гради својата иднина.

Employer Branding не е само убава фотографија од тим-билдинг.

Тоа е искуството што му го давате на човекот откако ќе го вработите.

 

Ваквото однесување особено има смисла во период кога отказите, реорганизациите и забавувањето на вработувањето стануваат дел од секојдневното деловно опкружување.

Прашање за HR и менаџментот:
Дали вашите вработени гледаат огласи затоа што сакаат да заминат – или затоа што не знаат што ги чека кај вас?

 

 

 

 

 

извор: bizlife.rs