Со големо задоволство ја прифативме поканата од Brainster да учествуваме како компанија на Brainster Job Fair 2.0 & AI Conference!

 

Среќни сме што имавме можност да учествуваме и сме многу задоволни од целокупното искуство.

Благодарни сме за топлото добредојде, професионалната организација и можноста за запознавање со инспиративни луѓе и перспективни можности.

Студентите со кои направивме кратки интервјуа беа извонредно професионални, поставувајќи промислени прашања за искуствата и можностите што им се нудат на пазарот на труд.

Нивната сериозност, амбиција и желбата да го пренесат наученото беа очигледни.

Студентите ни дадоа и задача да ги поврземе со компании кои ги исполнуваат нивните очекувања!

Ви пренесуваме дел од очекувањата:

  1. Флексибилно работно време – Можност за приспособување на смените според факултетските обврски.
  2. Хибриден или далечински начин на работа – Опција да се работи од дома или од канцеларија, зависно од потребите.
  3. Конкурентна плата – Праведно компензирање според обврските и работното време.
  4. Менторство и обука – Програми за развој и учење кои помагаат во градење на кариерата.
  5. Динамична и позитивна работна средина – атмосфера каде што младите можат да растат и да се развиваат.
  6. Можност за напредок – Јасни патишта за кариерен развој и можности за вработување по завршување на студиите.
  7. Платени пракси или бенефиции – Дури и ако е пракса, да има компензација или дополнителни бенефиции.
  8. Тимска работа, стекнување контакти, градење бизнис релации – Можност за запознавање со искусни професионалци и  корисни контакти.
  9. Баланс помеѓу работата и приватниот живот – Поддршка за студентите да не бидат преоптоварени со обврски.
  10. Почитување на нивната личност.

 

Искрено ви благодариме за вашата посветеност и труд, кои го направија овој настан успешен.

Добар тим секогаш носи позитивни резултати и поттикнува успех а Brainster тимот е одличен! Затоа веруваме дека оваа можност ќе ни овозможи директна комуникација со младите таленти а ние ќе придонесеме за нивниот професионален развој.

 

 

Отпочнавме продуктивна соработка и со нетрпение го очекуваме следниот настан!