Не е важно само работодавецот да е задоволен од вас, туку и вие да сте задоволни од условите за работа – Ања Пешиќ, стоматолошки асистент во ПЗУ Д-р Кртолица Скопје.
1. Можете ли да го опишете Вашето искуство со Jobs.com.mk ?
Искуството со Jobs.com.mk е едно од најпозитивните. Прегледноста на самата веб страна и убавиот приказ на секој оглас за работа ми помогнаа да го пронајдам објавениот оглас за работна позиција по мојата струка, по студии за Доктор по дентална медицина на Стоматолошки факултет во Скопје.
2. На кој начин се информиравте за отворената позиција на која сега Сте вработена?
За работната позиција дознавав од оглас објавен од самата компанија. Истражував и следев огласи од реномирани стоматолошки ординации. За краток период, ПЗУ Д-р Кртолица на 12ти Јули оваа година го објави огласот за СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА на Jobs.com.mk
Ја избрав Д-р Кртолица затоа што ги исполнуваше моите очекувања да работам за стабилен работодавач во добра средина. Аплицирав а тие ме одбраа мене. Со усогласени вредности, денес сум дел од тимот на ПЗУ Д-р Кртолица. Оваа ординација работи 30 години а за неа сите искуства кои ги добив беа позитивни. Овие сознанија но и услугите кои се нудат од оваа ординација претставуваа предизвик за мене и место каде со сигурност можев да знам дека ќе добијам професионална обука за работа.
Можам со задоволство да кажам дека поради jobs.com.mk , денес ја работам својата работа од соништата.
3. Дали и како можете да го оцените односот на вработениот во Jobs.com.mk за временскиот период од објавениот оглас до финалниот избор на Вас како вработен? Лично најважно за секој меѓучовечки однос ми е позитивниот и ненадмен однос. За вработениот од Jobs.com.mk посебно ги вреднувам и достапноста и брзината на одговорите на моите поставени прашања. Но, најмногу чувството на доверба кое ми го дадоа и оправдаа.
4. Што ќе му порачате на тимот на Jobs.com.mk?
Да продолжат со прекрасната работа и мисија, и да остварат соработки со уште многу компании со кои ќе усреќат нечии животи.
5. Дали би ги препорачале Jobs.com.mk на други?
Секогаш и во секое време. Јас верувам дека Jobs.com.mk е на патот да биде најдобрата платформа за вработување во нашиот регион од причина што внимаваат да создадат конекција со работобарателите и работодавци кои ќе создадат чувство на припадност за вработените да се чувствуваат ценети и ангажирани.
Со почит, Ања Пешиќ