Го обновивте Вашето CV? Го збогативте со уште една дообука, вештина, курс? Изучивте уште еден програмски или странски јазик?
Променивте повеќе од 2 работни места за кои не вложивте денови, ноќи, години на учење и образование?
Сепак сакате да работите по струка?
Да, можете ова да го направите и има логика!
↓ не е задолжително да чекате да се отвори позицијата за која сонувате да работите!
↓ не е задолжително компанијата за која сакате да работите да објави оглас за вас
↓ не чекајте да ве препорача близок
↓ не чекајте нотификација на маил пошта
не чекајте ја пораката на LinkedIn
Па, почнете:
Пребарајте ја компанијата, посетете ги нејзиниот веб сајт и сите социјални медиуми кои таа ги користи. Денес многу едноставно ќе дојдете до одговорниот за човечки ресурси и/или контакт адреса по која можете да го испратите вашето CV. Важни се вашата порака за интересот, желбата и подготвеноста за соработка со таа компанија. Впрочем истово до неодамна имаше поголемо значење само во форма на CL – Cover Letter!
Веруваме дека компанијата која има култура, вредносен систем и се развива во позитивна насока ќе му даде значајно внимание на овој ваш потег. Односно на вашата самоиницијатива. Нели во секој оглас ја читаме како една од најбараните квалификации?
HR-от со сигурност ја препознава како вештина која го квалификува поединецот.
И, запомнете дека покажувањето на интерес многу веројатно ќе ве издвои од останатите кандидати. Со успех!