Во денешниот свет на галопирачки технолошки иновации и промени, колку вредат дипломите и сертификатите што ги стекнувате? И можеби, уште поважно е прашањето кое веќе извесно време си го поставуваат сите луѓе – дали ќе можете да ги наплаќате вашите знаења и вештини, ако се повеќе и повеќе работни места може да ги извршува вештачката интелигенција?
Одговорот на првото прашање може да биде променлив, но во сите варијанти постои една категорија која е статична и која е тука да остане, а тоа се меките вештини. Има работни места кои никогаш нема да бидат заменети со алгоритми, но и работни места во кои новите генерации ќе ја додадат својата човечност на вештачката интелигенција за да им овозможат и на работодавците и на клиентите супериорни резултати.
Вториот одговор е – човечност. Колку похумана, емоционална и социјална интелигенција развивате, толку помалку вештачката интелигенција ќе ви биде конкуренција. Секому се случуваат размислувањата за себеси како „Не знам ништо“ до „Знам сè!“ и од „Не сакам да се истакнувам“ до „Јас сум посебен/на“.
Има многу млади и образовани кандидати кои се надеваат дека од големиот број обиди да добијат работа со постојани аплицирања, и исто толку одбивања, сепак ќе ја добијат ценета работа. Но, добрата вест е дека најголемите грешки на почетокот на вашата кариера може лесно (и бесплатно!) да се избегнат.
Кои се најголемите грешки што можете да ги избегнете на почетокот на кариерата?
Иако не можете целосно да ги избегнете, учењето од овие грешки може да ви заштеди многу време и разочарувања.
Грешка бр. 1: Прво, размислете колку пари можете да заработите.
Иако можеби мислите дека парите се најважни, брзо ќе сфатите дека парите се важни само додека не ги задоволите вашите основни потреби. Глобалните истражувања покажуваат дека децата и семејството се всушност најважните работи за луѓето. Кариерата и занимањето се на второ место. Луѓето всушност сакаат да придонесат за нешто корисно и значајно. Материјалното богатство го зазема само третото место на тоа рангирање.
Заработката произлегува од постигнати резултати, додадена вредност или решени проблеми. Пред да влезете во преговори, подгответе докази и аргументи: без разлика кој и колку ви плаќа, вие секогаш работите за себе и за својата кариера.
Можете ли однапред да наплаќате за вашиот труд и работа?
Се разбира, парите се важни и секој сака да биде прилично компензиран за своите напори. Сепак, клучната состојка што недостасува е довербата, потребна за да може однапред да се наплаќаат услугите. Истото го мислиме и кога сме клиенти – сакаме да знаеме што добиваме, како, колку и што можеме да очекуваме, а тоа мора да биде во согласност со нашите потреби и желби. Ова исто така важи и за продажба на услуги (дури и кога услугата се мери со времето кога сме го инвестирале).
Значи, ако сте млад човек, учете од поискусните и понудете „бесплатен примерок“: денес е лесно да се создаде мултимедијална биографија во која можете да ги покажете своите вештини и да го докажете своето знаење. Уште полесно е да се најде помош на патот – дури и бесплатно! Нема смисла да ги намалувате вашите шанси и да се грижите за одбивање или недостаток на одговор, кога можете да го искористите тоа време за да направите видео за да се претставите, да напишете блог или да научите како поефикасно да го поминувате вашето време на социјалните мрежи.
Бонус совет: Не лажете во вашата апликација и биографија, бидејќи денес сè може лесно да се провери.
Грешка 2: Испраќате апликации до сите, без размислување и подготовка
Кога барате работа во одредена област или кај избран работодавач, имате поголеми шанси добро да се подготвите следејќи ги нивните објави, прашувајќи некој кој веќе работи таму, или пак работи слична работа. Дури и ако се предомислите, стекнатото знаење на некој начин ќе биде корисно. Доколку не сте сигурни/на кон што точно се стремите или која работа ве привлекува, дајте шанса барем на една опција во текот на 100 дена. Ако не успеете да ги усогласите вашите вредности со она што го научивте за таа работа или работодавач, не форсирајте. Заштедете го вашето време и труд со тоа што рано ќе кажете „не“ на погрешните избори.
Грешка 3: Прифаќате понуди без размислување
Всушност, вие ја избирате вашата работа и работодавецот исто толку колку што тие ве избираат вас. Пред да ја прифатите понудата, дури и ако таа пристигнува после долг период на неизвесност и неуспешни обиди, важно е да дознаете кој е работодавецот, кои се нивните силни и слаби страни и како се однесуваат со своите вработени. Во спротивно, може да дојде до меѓусебно разочарување.
Се разбира, не е можно да се избегнат грешките. Меѓутоа, ако можете да научите од искуствата на другите, почетокот на вашата професионална кариера може да биде попријатен и да донесе повеќе задоволство.
Како да ги совладате вештините што не се учат на училиште или на факултет?
За младите (особено жените) кои својата кариера ја започнуваат во 2023 година, предизвикот ќе биде и во судир на генерации. Многу од нив се чувствуваат дека поискусните колеги и претпоставените не ги сфаќаат доволно сериозно, иако, како што реалните примери покажуваат, младите многу полесно ги учат и користат дигиталните вештини и системи во работењето, од на пример нивните колеги кои се 10 години во таа компанија. Ваквото чувство на фрустрација е патоказ кон нарушена самодоверба кај младите. Како да дознаете што се бара од младите на почетокот на нивната кариера?
Иако има многу информации, совети и неформално образование на располагање, не е лесно да се одлучи. Не е достапно за секого, ниту пак секој може да си дозволи курсеви кои би им ја олесниле потрагата по нови работни места.
Истовремено, истражувањата велат дека недостатокот од меките вештини се најголемата причина за отпуштање и лошиот избор на вработени. Според извештаите кои LinkedIn ги објавува во последниве години, 91% од професионалците за таленти велат дека меките вештини се многу важни за иднината на регрутирањето и човечките ресурси
Десет вештини кои ја отвораат вратата за посакуваната работа
Кога говориме за меки вештини кои се бараат кандидатите за работното место или вработените да ги поседуваат, тогаш мислиме на вештини кои се применливи за секоја работа и работно место.
Во меки вештини, меѓу другите, спаѓаат:
- Комуникациски вештини
- Емоционална интелигенција
- Прилагодливост
- Вештини за решавање проблеми
- Лидерски способности
- Управување со времето
- Соработка и тимска работа
- Вештини за вмрежување
- Отпорност
- Самомотивација
Дали постои начин еден млад човек да ги развие овие вештини и да им покаже на своите клиенти или работодавци дека ги има? Постојат повеќе начини секако. Некои од нив вклучуваат посета на обуки или курсеви, но првиот чекор кон развивање на меките вештини започнува со самоиницијативно теориско знаење, кое ќе ви потврди дека многу од овие особини и вештини веќе ги поседувате, потребно е само да ги насочите и канализирате кон вистинската цел. И не заборавајте, желбата за учење нови работи на вашето прво работно место ќе биде едно од пресудните нешта кои ќе го трасираат понатамошниот тек на вашата картиера.
Среќно!