Последниот впечаток на интервјуто e моментот што одлучува.
Во кошарката, титулата „MVP“ (Most Valuable Player) најчесто оди кај оној што блеснал во завршницата на сезоната. Слично е и со интервјуто за работа — последните минути можат целосно да го променат впечатокот за кандидатот. Првиот и последниот впечаток — двата краја на истата слика Сите ја знаеме изреката: „Немаш две шанси за прв впечаток.“ Но малкумина размислуваат колку последниот впечаток може да биде дури и посилен. Психологијата го потврдува тоа, она што го слушаме на крајот најдолго останува во нашето сеќавање (recency effect). Ако кандидатот заврши со млак, несигурен или нејасен коментар, целиот разговор може да избледи. Но ако крајот е впечатлив, искрен и позитивен HR-от може да каже: „До крајот на интервјуто, мислењето ми се смени целосно.“
Што велат истражувањата?
- 70% од HR-те на LinkedIn признале дека судат според последните одговори на кандидатот.
- Истражување на Harvard Business School покажало дека луѓе со понови успеси имаат 30% поголеми шанси за унапредување — иако тие успеси не се најголеми.
- Луѓето најчесто се сеќаваат на крајот од разговорот, состанокот или интервјуто.
- Што го расипува последниот впечаток?
Несигурен крај: „Ете, тоа е тоа…“ - Непримерни прашања: „А кај вас како е?“
- Невоспитани коментари: „А што сте вие завршиле?“
- Песимизам: „Знам дека нема да ме примите.“
- Агресивен тон или потценување на HR-от.
- Невербални грешки: избегнување контакт со очи, пребрзо станување, одложено собирање на работи итн.
- Таквите детали можат да ја поништат сета добра работа направена во текот на интервјуто.
Како изгледа добар завршеток на интервју?
Не мора да биде спектакуларен. Доволно е кандидатот да го следи текот на разговорот, да се заблагодари, да пружи рака и да каже едноставно: „Ви благодарам на времето, пријатен ден.“ Тоа е знак на стабилност, самодоверба и зрелост.
Како да оставите „wow“ ефект?
1. Бидете оригинални и позитивни
Со умерен хумор или позитивна енергија може да оставите топол впечаток кој се памети.
2. Кратко резиме на вашите вредности
„Од сè што дознав за вашата компанија, гледам дека ги цените иницијативата и растот — токму тоа се и моите вредности.“
3. Изразете мотивација
„По разговорот со вас, уште повеќе верувам дека ова е вистинската работа за мене.“
4. Исправете можни слабости
„Свесен сум дека моето познавање на Excel може да се подобри — и веќе работам на тоа.“
5. Покажете професионална отвореност
„Дали има нешто што би сакале дополнително да појаснам?“
6. Поврзете се со HR-от
„Многу ми се допадна вашата идеја за менторство – и јас сум имал позитивно искуство како ментор.“
7. Поставете смислено прашање
„Кои се следните чекори во процесот?“
„Како изгледа еден просечен ден на оваа позиција?“
„Дали постои воведен период на обука (onboarding)?“
Многу кандидати се опуштаат на крајот, мислејќи дека интервјуто е готово. Но токму тогаш се создава вистинскиот впечаток. Бидете фокусирани до последната секунда, тоа е моментот кога тој што ве интервјуирал може да помисли: „Овој кандидат навистина вреди да се земе предвид.“
Совет од jobs.com.mk: Кога ќе одите на интервју, запомнете – првиот впечаток отвора врата, но последниот ја држи отворена.



