Го обновивте Вашето CV?  Го збогативте со уште една дообука, вештина, курс?  Изучивте уште еден програмски или странски јазик?

Променивте повеќе од 2 работни места за кои не вложивте денови, ноќи, години на учење и образование?

Сепак сакате да работите по струка?

 

 

Да, можете ова да го направите и има логика!

 

↓  не е задолжително да чекате да се отвори позицијата за која сонувате да работите!

↓  не е задолжително компанијата за која сакате да работите да објави оглас за вас

↓  не чекајте да ве препорача близок

↓  не чекајте нотификација на маил пошта

не чекајте ја пораката на LinkedIn

 

Па, почнете:

Пребарајте ја компанијата, посетете ги нејзиниот веб сајт и сите социјални медиуми кои таа ги користи. Денес многу едноставно ќе дојдете до одговорниот за човечки ресурси и/или контакт адреса по која можете да го испратите вашето CV. Важни се вашата порака за интересот, желбата и подготвеноста за соработка со таа компанија. Впрочем истово до неодамна имаше поголемо значење само во форма на CL – Cover Letter!

 

 

Веруваме дека компанијата која има култура, вредносен систем и се развива во позитивна насока ќе му даде значајно внимание на овој ваш потег. Односно на вашата самоиницијатива. Нели во секој оглас ја читаме како една од најбараните квалификации?

HR-от со сигурност ја препознава како вештина која го квалификува поединецот.

И, запомнете дека покажувањето на интерес многу веројатно ќе ве издвои од останатите кандидати. Со успех!