Преку едноставна и функционална платформа за објавување на работни позиции, на индивидуалните корисници им овозможува да го најдат своето прво вработување или пак да најдат нова работа.
Џобс Ком се позиционираше во национална компанија која предводи решенија за промислено вработување и добро поставени мотивациски механизми.
Нашата мисија е да создадеме успешни и долгорочни партнерства помеѓу работодавачите и работниците, обезбедувајќи навремени, веродостојни, квалитетни и структурирани решенија и процеси во финализирањето на вработувањето.
Веруваме дека чесноста е прв избор на нашите клиенти. Страста кон работата и искуството нè мотивираат во секој момент да се стремиме кон најдобрата верзија како тим и лидер кој креира одржливи вредности на пазарот на труд.
Важно е да истакнеме дека располагаме со долгогодишно искуство и професионалност во оваа област.
Ние сме доверлив партнер со добра стратегија, благодарение на знаењата и вештините на нашиот тим, што е плод и резултат на еден макотрпен и долг процес на учење! Довербата од клиентите е основниот клуч кон успехот на jobs.com.mk и затоа сме фокусирани на посветеност, експертиза и резултати за секој клиент поединечно.
активни огласи услуги