Во време кога се повеќе млади заминуваат од државата, а пазарот на трудот се менува со невидена брзина, прашањето „Што навистина сакаат младите од еден работодавец“ станува клучно – не само за HR секторите, туку и за целокупниот опстанок на македонскиот пазар на таленти.
Оваа статија се базира на истражувања и искуства на млади луѓе од Балканот, прилагодена на македонската реалност – со надеж дека ќе биде ресурс и за младите, и за компаниите кои сакаат да создаваат успешна работна култура.
1. Финансиска стабилност и фер надомест
Младите во Македонија најчесто бараат стартна плата која ќе им овозможи независност, но и чувство дека се вреднувани за својот труд. Многумина од нив очекуваат околу 500-700 евра како почетна плата по завршување на факултет, но, реалноста често нуди многу помалку. Она што е интересно е дека дури 46% од младите се подготвени да прифатат и пониска плата, ако се чувствуваат поврзани со вредностите и мисијата на компанијата.
2. Флексибилно работно време и work-life баланс
Генерацијата Z (зед) и младите миленијалци не сакаат класичен „9-5“ модел, па затоа, флексибилноста е меѓу првите три барања. Работа од дома, хибриден модел или можност самостојно да си го организираат времето е новата норма. За младите, балансот помеѓу професионалност и приватниот живот значи и ментално здравје и продуктивност.
3. Вештини, обука и реална можност за напредок
Мнозинството млади се чувствуваат неподготвени за реалниот пазар на труд веднаш по дипломирање. Причина? Образовниот систем се уште не нуди практични вештини, туку теорија. Затоа, клучна улога играат компаниите кои нудат стажирање и менторски програми – елементи кои младите ги ценат повеќе отколку ‘титули’. Кариера со патека за раст и усовршување? Огромно ДА!
Се повеќе организации препознаваат колку е важна практичната едукација – еден од најиновативните примери кај нас е Next Education. Тие нудат програми кои ги поврзуваат младите со реалните потреби на ИТ индустријата, преку современи менторства, проекти и кариера ориентирани курсеви. Вакви образовни платформи се токму тоа што ѝ треба на младата генерација: знаење со примена, не само диплома.
4. Организациска култура и вредности
Младите многу брзо препознаваат кога една компанија се претставува како модерна и отворена, а во пракса нема ниту интерна комуникација, ниту етика. За 66% од младите, недостаток на интегритет е доволна причина да ја одбијат понудената работа, дури и ако е финансиски поволна. Компаниите кои имаат транспарентни процеси, инклузивна култура и поддршка за личен развој се тие што го добиваат и задржуваат талентот.
ЗАКЛУЧОК: Младите не бараат само работа – бараат смисла
Новите и млади таленти не се задоволуваат со канцеларија и стабилна плата. Младите сакаат да бидат дел од нешто значајно – организации кои ги разбираат, вреднуваат и им овозможуваат вистински раст. Компаниите кои го препознаваат оваа, се оние што ќе останат релевантни и успешни на македонскиот пазар и пошироко.