Радмила Ханџиска: „Благодарение на Jobs.com.mk, процесот на регрутација е полесен од кога и да е!“

јуни 13, 2024

Пазарот на трудот доживеа тектонски промени изминативе неколку години, пандемијата уште повеќе го забрза процесот, па денес она што важело пред 5 години делува застарено и непривлечно за младите и талентирани кадри кои барат многу повеќе од само конкурентна плата.

Токму на оваа тема разговаравме со Радмила Ханџиска, сопственик на „Медикус Хелп“ компанија, која повеќе од 30 години се занимава со дистрибуција и продажба на ортопедски и медицински помагала. Радмила од прва рака зборува за искуството со Jobs.com.mk и како само со еден оглас успеала да дојде до совршениот кандидат за отворената позиција која ја нуделе.

 

Каква е моменталната состојба на пазарот на труд во Македонија? Колку е тешко да се дојде до стручен и квалитетен кадар?

Во моментов се соочуваме со бројни деловни, економски, демографски и технолошки промени, менување на општествените норми, глобална мобилност. Особено во пост-ковид периодот овие предизвици се уште побројни и почести. Вистински предизвик е да се одржи постоечкиот тим, и секако да се регрутираат нови кадри. Нам ни преостанува да се прилагодуваме и подобруваме, да пронаоѓаме нови модели на мотивација, адаптирани на новите генерации и времиња и секако да обезбедиме средства за конкурентни плати и останати модели за компензанција на вработените.

 

Можете ли да го опишете вашето искуство со користење на веб-страницата Jobs.com.mk за објавување на огласи за работа?

Едноставно, брзо, ефикасно, а стручно и професионално. Си ја знаат работата.

 

Колку е ефективна платформата Jobs.com.mk во достигнување до широк опсег на потенцијални кандидати во споредба со други методи за објавување на огласи што сте ги користеле?

Ќе ви го подобрат огласот кој сте го замислиле, ќе го објават, ќе го промовираат. Тие прават буквално сè. Забележавме дека од самиот старт ни укажаа на работи кои се важни за кандидатите и како да го реструктуираме огласот. Стручни се и се во тек со новите трендови, користат соодветни термини, атрактивни за секој кој размислува да бара или да промени работа.

 

Можете ли да споделите некои статистики или резултати за бројот на апликанти и квалитетот на кандидатите што сте ги добиле преку Jobs.com.mk?

Нашиот оглас помина супер. Иако знаеме дека бројот на апликации беше многу поголем, ние добивме десетици селектирани апликанти  од кои направивме избор. Единствена замерка што ја имам е што повеќето апликанти одговараа за нашите потреби и не ни беше лесно да направиме избор . Но и тука имавме помош од Jobs.com.mk кои несебично работеа со нас за изборот да ни биде полесен.

 

Дали би ги препорачале Jobs.com.mk на други компании што бараат да регрутираат персонал и дали има некои области за подобрување што би ги предложиле?

Нашето искуство е позитивно. Апослутно ги препорачуваме.

 

Можете ли да дадете примери на успешно вработувања направено преку платформата Jobs.mk и како истото придонесе за вашата компанија?

Можеби и заедно имавме среќа, со една објава на огласот си добивме нова вработена во нашиот тим. Нашата Стефанија. Искрена благодарност што процесот за регрутирање ни го направија едноставен и, што е најважно, многу брз.

 

Кои се вашите очекувања од Jobs.com.mk во иднина и дали и понатаму ќе ги користите нивните услуги?

Да, имаме очекување да го задржат квалитетот, брзината на работа и флексибилноста во соработката. Планираме раст на бројот на вработени и ќе ги ангажираме и понатаму.