Детали за позицијата

Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со
прехрамбени производи ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на
своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:

Возачи на товарно возило – камион

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • Потребно е да бидете со место на живеење/престоjувалиште во Скопје или од околината.
  • Средна стручна подготовка
  • Работно искуство како возач
  • Возачка дозвола Ц категорија
  • Предност имаат кандидати кои работеле на дистрибуција на храна
Работни услови:
  • Месечни нето примања од 40.000,00 денари + дополнителни бонуси по основ на остварувања ( вкупни примања до 60.000 денари)
  • Работниот однос се склучува на определено време (пробен период) со можност за продолжување
  • Работното време е 40 часа неделно, од понеделник-сабота
  • Обезбеден оброк
  • Загарантиран регрес за годишен одмор ( К-15 )
Напомена: 
  • Возилото се превзема од седиштето на Пекабеско Ад и по извршениот работен ангажман се враќа во компанијата.
  • Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување.
  • Ќе бидат контактирани само кандидатите  кои ги задоволуваат критериумите.
  • Молбите на кандидатите кои немаат работно искуство од областа нема да се разгледуваат.
  • Испратете го вашето CV ( молба ) на е-маил cv@pekabesko.com.mk
  • Апликациите да се достават заклучно со 30.09.2025 година.

Пекабеско АД

За компанијата

pekabesko.com.mk/za-nas

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ