Детали за позицијата

 

Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи

ПЕКАБЕСКО АД

заради остварување на своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:

Возач на камион за продажба на смрзната храна – Скопје

 

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Потребно е да бидете со место на живеење/престоjувалиште во СКОПЈЕ или од околината.
  • Средна стручна подготовка
  • Работно искуство како возач
  • Возачка дозвола Ц категорија ( без забрана за управување на возило )
  • Предност имаат кандидати кои работеле на дистрибуција на смрзнат програм.

Работни услови:

  • Месечни нето примања од 40.000 + дополнителни бонуси по основ на остварувања до вкупни примања 60.000 денари,
  • Работниот однос се склучува на определено време (пробен период) од 6 месеци со можност за продолжување,
  • Работното време е 40 часа неделно, од понеделник-петок,
  • Загарантиран регрес за годишен одмор ( К-15 )

Напомена:

  • Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување.
  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите.
  • Молбите на кандидатите кои немаат работно искуство од областа нема да се разгледуваат. – Испратете го вашето CV ( молба ) на е-маил cv@pekabesko.com.mk
  • Апликациите да се достават заклучно со 30.07.2026 година.

 

 

 

Пекабеско АД

За компанијата

pekabesko.com.mk/za-nas

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ