Детали за позицијата

За потребите на работниот процес, согласно домашните и меѓународни правила и прописи во дејноста, ТАВ Македонија ДООЕЛ
објавува оглас за вработување на:
ТРАНСПОРТЕН РАБОТНИК
(Скопје)
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Утовар/истовар на воздухоплови според инструкциите дадени од Контролорот на Опслужување на Воздухоплови
- Сортира багаж во сортирница за багаж
- Помага во опслужување на патници со намалена способност за движење
- Поставува подметнувачи на воздухопловите
- Се грижи за чистотата на аеродромската платформа, го отстранува сметот од воздухопловите и од аеродромската платформа
- Го известува Контролорот на Опслужување на Воздухоплови за сите неправилности при опслужување на воздухопловите
- Одговорност за извршување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина
- Вршат и други работи по инструкција на раководните лица
ВЕШТИНИ:
- Комуникациски Вештини
- Тимска Работа
- Познавање на англиски јазик
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средно Училиште (IV степен)
- Уверение за завршен А2 степен на познавање на англиски јазик
НА КАНДИДАТОТ ЌЕ МУ БИДАТ ОБЕЗБЕДЕНИ:
- Соодветни обуки за работа, како и обуки за здравје и заштита при работа
- Соодветна работна опрема
- Обезбедени оброци
- Приватно здравствено осигурување
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на HRMK@tav.aero

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
Skopje International Airport
За компанијата
Web: http://skp.airports.com.mk
ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво, којашто опслужи 218 милиони патници во 2019 година. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународен аеродром Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

