Детали за позицијата

 

Aquasave е компанија во приватна сопственост којашто обезбедува специјалистички консултантски и договорни услуги во областа на контрола на загубата на вода за сите комунални претпријатија, институции и претпријатија од јавниот сектор, индустриски и комерцијални субјекти и индивидуални потрошувачи насекаде низ Македонија и пошироко во регионот. Специјализирани се за методологии и техники за намалување на загубите на вода, вклучувајќи откривање на истекувања, лоцирање на цевки, анализа на потрошувачката на вода и управување со притисокот. 

 

Аквасеив доо Скопје (www.aquasave.mk) објавува

ОГЛАС

за вработување на

ТЕРЕНСКИ ОПЕРАТОР ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ДЕФЕКТИ НА ИНСТАЛИАЦИИ

(2 извршители)

 

 

Работни задачи:

  • Теренска работа со најсовремени уреди за откривање дефекти на водоводни, одводни и топловодни системи
  • Лоцирање на подземни водоводни инсталации и одредување на нивната траса со помош на современи инструменти
  • Мерење на проток, притисок и потрошувачка на вода
  • Евидентирање на извршените мерења и подготовка на теренски извештаи
  • Работа на терен во соработка со инженери и технички тимови
  • Стручни обуки  за работа со постојните  технологии и специјализирана опрема

 

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование (техничка насока ќе се смета за предност)
  • Подготвеност за работа на терен
  • Познавање на англиски јазик (основна комуникација, упатства за работа со апаратите)
  • Активен возач Б-категорија
  • Основно техничко познавање и подготвеност за работа со современа опрема
  • Одговорност, прецизност и дисциплина
  • Способност за тимска работа

 

Компанијата овозможува:

  • Слободни викенди и празнични денови
  • Редовно работно време, Понеделник-Петок 8-16ч.
  • *Секој последен Петок се работи до 14ч
  • *Платена прекувремена работа и платена работа за време на викенд/Сабота (по потреба на итност)
  • Конкурентна плата исплатена на секој 1ви во месецот и исплата на прекувремени часови во согласност со закон (ретко, по потреба)
  • Платени дневници за службени патувања надвор од Скопје и странство (по потреба) 
  • Обезбедена обука за работа со опремата за детекција
  • Работа под платено 24ч осигурување 

 

 

Информирај се за компанијата и услугите кои ги нуди: Aquasave

 

 

Аплицирај денес преку Е-пошта: contact@aquasave.mk

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг  ќе бидат контактирани.

За компанијата

Aquasave е основана и во сопственост на г-дин Бојан Ристовски, дипл.ел.инж. кој специјализирал во управување со водните ресурси и услуги во водоводните комунални претпријатија, со над 20 години работно искуство, вклучувајќи управување и надзорни одговорности во јавно претпријатие за водоснабдување и одведување на отпадни води. Опсегот на неговото искуство вклучува сеопфатно познавање на принципите и практиките на управување со Неприходната Вода (Non Revenue Water Management), развој на ефикасни методологија за намалување на загубата на вода, лоцирање на местата на дефекти, обука на вработените во комуналните претпријатија во однос на NRW активностите … Тој е член на Меѓународната асоцијација за води (International Water Association) и Специјалистичката група за загуба на вода (Water Loss Specialist Group) од 2002 година.

Aquasave е компанија во приватна сопственост којашто обезбедува специјалистички консултантски и договорни услуги во областа на контрола на загубата на вода за сите комунални претпријатија, институции и претпријатија од јавниот сектор, индустриски и комерцијални субјекти и индивидуални потрошувачи насекаде низ Македонија и пошироко во регионот. Ние сме специјализирани за методологии и техники за намалување на загубите на вода, вклучувајќи откривање на истекувања, лоцирање на цевки, анализа на потрошувачката на вода и управување со притисокот. Aquasave нуди реализација на сите фази на животниот циклус на проектите во оваа област, почнувајќи од истражување, анализа и дизајн, преку развој и планирање, па сè до имплементација.

Меѓу нашите клиенти се вбројуваат:

  • Општински системи за водоснабдување
  • Индустриски објекти
  • Болници
  • Институции
  • Универзитети и училишта
  • Воени објекти
  • Електрани
  • Инженерски компании
  • Градежни компании
  • Станбени комплекси
  • Приватни куќи

Контакт

Телефон: +3892 6148 444

Мобилен телефон: +38978 488 489

Е-пошта: contact@aquasave.mk

Веб: www.aquasave.mk

Адреса: Аквасеив ДОО Црвена вода 31,
Скопје, Македонија

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ