Детали за позицијата

ФРУКТАЛ Мак АД Скопје објавува
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Технолог во производство
Потребни квалификации и вештини:
- ВСС подготовка од технолошки смер;
- 3 години работно искуство;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на работа со компјутер;
- Способност за работа во тим;
- Висок степен на одговорност, самоиницијативност;
- Желба за едукација и надградба;
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
Работни одговорности и задачи:
- Координира и организира производство на сокови, каши и други преработки согласно месечните и неделните планови;
- Контролира работа на целокупната линија за производство и предлага кај непосредниот раководител мерки за подобрување на процесот, штедење на материјали и рационализација на работна сила;
- Редовна контрола на сите примени суровини, репроматеријали, полупроизводи, готовите производи и вода, согласно интерните нормативи и важечките прописи;
- Ја координира работата со сменоводителите;
- Се грижи за спроведување на добра производна пракса како и добра хигиенска пракса;
- Го организира и контролира чистењето на опремата, производниот погон и се грижи за правилно складирање, чување и манипулација со истите;
- Организира едукација на вработените за правилно ракување со средствата за хигиена и лична безбедност на истите.
Ние нудиме:
- Професионален предизвик во домашна компанија со водечка позиција на пазарот
- Позитивна работна атмосфера
- Работа во хармоничен тим со силни семејни вредности
Ве покануваме да аплицирате свое CV на следниов линк
апликации

За компанијата
Фруктал е иновативна компанија со препознатлив имиџ, што е во согласност со мисија на компанијата и нејзините брендови. Основни вредности на Фруцтал се квалитетот и позитивниот однос кон природата.
Основна дејност на компанијата Фруктал Мак а.д. Скопје е производство на високо квалитетни овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси притоа користејќи го најдоброто и најсочното овошје кое зрее во земјата на сонцето – Македонија, споено со знаењето и технологијата на стручњаците на Фруцтал.
Фабриката Фруктал Мак а.д. Скопје е лоцирана на патот кон Зелениково на 15 км од Скопје, во еколошки чиста околина. Се простира на површина од 192.000 м2 од кои голем дел се овоштарници насадени со праски, кајсии и јаболки. Денес фабриката брои 60 вработени.
Се произведуваат готови производи за домашен и странски пазар (Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора).
Fruktal – За нас