Детали за позицијата

 

Работна позиција: ТЕХНИЧАР

Времетраење: Определено 3 месеци (со можност за продолжување)

Број на слободни позиции: За 1 лице

Регион: Скопје

Емаил : contact@admiralclub.com.mk

 

Опис:

МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија која брои повеќе од 760 вработени, а нашата најголема придобивка во повеќе од 16 години успешно работење се вработените кои благодарение на нивните вештини, посветеност и одлучност, заеднички ја креираат својата светла иднина. Следејќи го континуираниот раст и развој бараме вработени кои ќе растат заедно со нас!

 

Работни задачи на Техничар:

  • Припрема на опрема за игри на среќа (хардверско и софтверско сетирање, каблирање, вградување на дополнителни делови, иницијализација, тестирање);
  • Поставување на опрема за игри на среќа по автомат клубови и дополнителна проверка на истите пред да се пуштат во употреба;
  • Тековно одржување, сервисирање и поправка на опремата за игри на среќа (отстранување на дефекти и редовен сервис);
  • Подредување, селектирање и евидентирање на автомати во магацин;
  • Транспорт на опрема за игри на среќа до клиентите ( утовар и истовар);
  • Извршување на работните задачи заедно во тим на техничари.

 

МА ГАМИНГ бара:

  • Минимум завршено ССС (електро или машинско училиште ќе има предност);
  • Основно ниво на познавање на англиски јазик ;
  • Познавање на работа на компјутер ( Основни веб апликации, МС Офис пакет) ;
  • Возачка дозвола Б-категорија.

 

МА ГАМИНГ нуди:

  • Работа во пријатно опкружување, обуки и развој преку динамична работа со можност за напредување што зависи од Вашиот труд, посветеност и ажурност во работата;
  • Обезбедена обука и воведување во работниот процес;
  • Работен однос заснован на определено работно време од 3 месеци со можност за продолжување;
  • Работно време од 8 часа организирано во прва смена од 07:00-15 часот, од понеделник до петок, а во склоп на работата се вклучени и најмалку 7 дена во приправност во месецот.

 

Кај нас ве очекуваат многу различни активности, предизвици, интензивна обука, Договор за работа во согласност со законот.

Доколку верувате дека сте идеални за оваа работна позиција, испратете го вашето CV на емаил: contact@admiralclub.com.mk , со назнака за регионот за кој аплицирате.

 

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

 

 

 

За компанијата

МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје е дел од Групацијата НОВОМАТИК и како општествено одговорна компанија, која брои повеќе од 700 вработени,  повеќе од 16 години е лидер во индустријата за игри на среќа и забавни игри.

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ