Детали за позицијата

САЛОН 29 е Друштво со Ограничена Одговорност , основана во 1989 година. Нејзината главна дејност е дизајнот на ентериер и канцелариски мебел за деловни простории.
Поради зголемен обем на работа вработуваме на следната работна позиција:
ТАПЕТАР
Опис на работната позиција и одговорности:
- Тапацирање и реновирање на мебел (столици, фотелји, панели и др.)
- Сечење, кроење и прилагодување на ткаенини и материјали
- Работа со сунѓер, текстил и кожа
- Ракување со алат и машини за тапетарски процеси
- Одржување на висок квалитет и стандарди во изработката
- Работно место е во Скопје
- Работно време од 8–16 ч
Потребни квалификации:
- Работно искуство како тапетар (минимум 1 година)
- Вештини во обработка и поставување на различни материјали
- Прецизност и креативност во изработката
- Способност за самостојна и тимска работа
- Одговорност и дисциплина при извршување на задачите
Ние нудиме:
- Стабилно вработување со редовни примања
- Работа во современо опремена работилница
- Можност за усовршување и развој
- Вклучување во квалитетни и предизвикувачки проекти
КАКО ДА АПЛИЦИРАШ?
Испрати го твоето CV на info@salon29.com.mk
со назнака:
Апликација за работа – Тапетар
За компанијата
Салон29 е компанија чија основна дејност е опремување на деловни простории со канцелариски мебел. Основана е во 1989год., и во соработка со светски познати производители на мебел како што се: NEW FORM, DELLA ROVERE, FULL MOBILI, LAS MOBILI, CERANTOLA DESIGN OFFICE, PARRI, SEPOINT, BRADO и др. започна да дистрибуира канцелариски мебел по целата територија на Република Македонија и на Балканот. За неколку години компанијата стана најголем увозник на канцелариски мебел од Италија.

http://www.salon29.com.mk/