Детали за позицијата


Хотел Александар Палас
објавува ОГЛАС за вработување
Супервизор за соби и хигиена
Главни работни задачи:
- Координирање и надзор на работата на собарките и персоналот за хигиена;
- Секојдневна контрола на чистотата и уредноста на хотелските соби, ходници, заеднички простории, санитарни јазли, ресторан и останатите хотелски простории;
- Контрола на квалитетот на извршеното чистење и навремено отстранување на сите забележани недостатоци;
- Проверка на собите пред пристигнување на гостите и обезбедување на висок стандард на уредност;
- Следење на состојбата на инвентарот, опремата, постелнината, пешкирите и средствата за хигиена
- Навремено пријавување на сите дефекти, оштетувања и недостатоци во хотелските простории
- Следење и примена на хотелските стандарди и процедури за хигиена;
- Соработка со одделите за одржување, рецепција, ресторан и менаџмент;
- Водење евиденција и известување до менаџментот за состојбата со хигиената и забележаните недостатоци.
Потребни квалификации:
- Работно искуство во од минимум 2 години на иста или слична позиција.
- Одлични комуникациски и организациски способности.
- Способност за работа под притисок и истовремено управување со повеќе активности.
Кандидатите треба да испратат кратка биографија (CV) не подоцна од 5ти Септември 2026 година, електронски на D.Arsovska@fersped.com.mk
Само најтесниот избор на кандидати ќе биде контактиран. Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.
За компанијата
Хотелот Александар Палас, е водечки хотел во Македонија.
Aleksandar Palace