Детали за позицијата

Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи

ПЕКАБЕСКО АД

заради остварување на своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:

СТРУЧНО ЛИЦЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

( 1 ИЗВРШИТЕЛ )

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

Високо образование (ВСС) техничка струка (машинство, електротехника или технологија);

– Работно искуство од областа од најмалку 3-5 години,

Уверение за положен стручен испит за стручно лице за безбедност и здравје при работа,

– Поседување на препораки за стекнатото искуство и знаење ќе се смета за предност,

– Познавање на правната легислатива од областа,

– Познавање на MS Office програмот,

– Познавање на англиски јазик за деловна комуникација.

 

Работни услови:

-Работниот однос се склучува на определено време 6 месеци (со можност за продолжување),

Нето плата по договор,

Обезбеден е топол оброк,

Работата е организирана од 8-16 часот, од понеделник-петок.

 

Напомена:

-Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување.

-Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите,

-Испратете го вашето CV ( молба ) на е-маил cv@pekabesko.com.mk

-Апликациите да се достават заклучно со 31.05.2025 година.

 

Пекабеско АД

За компанијата

pekabesko.com.mk/za-nas

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ