Детали за позицијата

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје и тргнете на патување кон личен и професионален развој! Ви нудиме можност да се придружете се на нашиот динамичен тим како “Самостоен стручен соработник за здравствено осигурување” – лекар, цензор во Самостојна служба за спроведување на осигурување.

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Работно место:

„Самостоен стручен соработник за здравствено осигурување“ во Самостојна служба за спроведување на осигурување.

 

Опис на работно место:

  • Давање мислења за покритија преку асистентски центар –  приватно здравствено осигурување;
  • Цензорирање на штети по дополнително здравствено осигурување врз основа на медицинска документација;
  • Давање мислења при прием во осигурување по прашалници од осигуреници за приватно здравствено осигурување;
  • обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

 

Потребни квалификации:

  • медицински факултет;
  • лиценциран општ лекар;
  • Познавање на работа со компјутер.

 

Услови за вработување:

  • Број на извршители:  1 (еден);
  • Работен однос на определено време во траење од 3 месеци;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Место на извршување на работата: седиште на САВА осигурување а.д. Скопје.

 

Рок за пријавување:                                                    

Рокот за пријавување е заклучно до 31.12.2025 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

 

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

Izvestuvanje-za-obrabotka-na-lichni-podatoci-za-kandidati-za-vrabotuvanje-za-aktiven-oglas.pdf

Izvestuvanje-za-obrabotka-na-lichni-podatoci-od-baza-na-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf

За компанијата

Придружете се на тимот на САВА осигурување а.д. Скопје!

Дали барате предизвици во друштво, членка на интернационална Групација каде секој ден е можност за раст и учење? Дали сте водени од страста за работа и постојаното подобрување? Ако е така, вие сте само личноста која ќе се придружи на нашиот одличен тим посветени професионалци, кој нуди многу можности за раст на кариерата. Ние ги поддржуваме вашите желби со флексибилни работни аранжмани и различни програми за кариера и личен развој.

 

Профил на компанијата | Сава осигурување

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ