Детали за позицијата

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д.
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Стручен соработник за правна ликвидација
Работно место:
- Стручен соработник за правна ликвидација
Организациона единица:
- Служба за правна ликвидација, Сектор за штети – Дирекција
Опис на работно место:
- евидентирање, следење и анализирање на споровите поврзани со дејноста осигурување,
- извршување на работни задачи поврзани за лични штети (материјални и нематеријални),
- соработување при утврдување на обемот и висината на штета,
- соработување при изработка на извештаи,
- соработување при изработка на договори за порамнување,
- обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Потребни квалификации:
- Завршенo четиригодишно високо образование (ВСС), – Правен факултет;
- Познавање на работа со компјутер;
- Познавање на англиски јазик;
Услови за вработување:
- Број на извршители 1 (еден) во седиштето на Друштвото;
- Определено време во траење од 3 месеци;
- Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно.
Бенефиции за вработените:
- Доброволно пензиско осигурување во професионалната пензиска шема на Отворениот доброволен пензиски фонд САВА “Пензија плус” (Трет столб);
- Доброволно здравствено осигурување во САВА осигурување. Премиите за осигурување се плаќаат од вработените со 50% попуст со специјални лимити на покритијата;
- Секој вработен добива службен телефонски број и мобилен апарат со вклучени трошоци за мобилен по Правилник на Друштвото;
- Татковство – користење на 5 (пет)работни дена отсуство на вработен – татко со платен надомест на плата за раѓање на дете;
- 1 (еден) работен ден отсуство на вработен со платен надомест на плата за прв училишен ден на дете;
- Пакетче за прваче;
- Пакетче за нова година;
- Подарок за 8-ми март;
- Слободен ден за роденден;
- Пакетче за новороденче и
- Континуирано професионално усовршување преку интерни и екстерни обуки и семинари.
Доколку сте заинтересирани, испратете CV преку полето Пријави се

SavaMK – Стручен соработник за правна ликвидација – FledgeHR

За компанијата
Придружете се на тимот на САВА осигурување а.д. Скопје!
Дали барате предизвици во друштво, членка на интернационална Групација каде секој ден е можност за раст и учење? Дали сте водени од страста за работа и постојаното подобрување? Ако е така, вие сте само личноста која ќе се придружи на нашиот одличен тим посветени професионалци, кој нуди многу можности за раст на кариерата. Ние ги поддржуваме вашите желби со флексибилни работни аранжмани и различни програми за кариера и личен развој.
Профил на компанијата | Сава осигурување