Детали за позицијата
Објавуваме Оглас за наш реномиран клиент:
Позиција: Специјалист за човечки ресурси
Локација на работата: Индустриска зона Илинден
Доколку Сте организирана, прецизна и доверлива личност Ве покануваме да се приклучите на нашиот тим на позицијата – Специјалист за човечки ресурси.
Главни работни задачи:
- Ажурирање и одржување на податоци во HR систем
- Подготовка на документација за пријава и одјава на вработени
- Водење и архивирање на персонални досиеја
- Евиденција и контрола на боледувања, отсуства и годишни одмори
- Подготовка на HR извештаи
- Контрола на податоци поврзани со пресметка на плата
- Поддршка при инспекциски надзори
- Евиденција за БЗР и систематски прегледи
- Административна поддршка на HR процесите
Потребни квалификации:
- Високо образование (човечки ресурси, право, економија или сродно)
- Минимум 2 години работно искуство во HR администрација
- Познавање на Закон за работни односи
- Искуство со HR софтвер и MS Office (особено Excel)
- Познавање на процедури за пријава и одјава на вработени
Потребни вештини:
- Одлични организациски и административни способности
- Прецизност и внимание на детали
- Дискретност и одговорност при работа со доверливи информации
- Способност за работа со рокови и повеќе задачи истовремено
- Развиени комуникациски и тимски вештини
- Проактивен пристап и ориентираност кон решенија
Нудиме:
- Стабилна и професионална работна средина
- Можност за развој во областа на човечки ресурси
- Конкурентен пакет на бенефиции и солиден бонусен систем
Аплицирај на marija@jobs.com.mk