

Барате работна средина каде што вашите аналитички вештини и амбиција ќе дојдат до израз?
Ја создаваме оваа позиција за да ги претвориме податоците од работењето во јасни извештаи и подобри одлуки. Човекот на оваа позиција ги запознава деловните процеси одблиску, ги анализира податоците од нив и ги прикажува резултатите во Power BI.
Во Кроација Осигурување АД – Неживот го прошируваме тимот и бараме Специјалист за анализа на податоци.
Што ќе работите:
Анализа на податоци од штети, продажба и портфолио и подготовка на извештаи во Power BI.
Следење на клучни показатели, трендови и отстапувања и предлагање конкретни подобрувања.
Мерење на ефектот од воведените промени.
Грижа за точноста и конзистентноста на податоците.
Автоматизација на повторливи аналитички задачи.
Кого бараме:
Критичко размислување и желба да се влезе во деталите на процесите и најдобрите аналитички практики од областа на осигурувањето.
Основно познавање на SQL и Power BI и подготвеност за учење.
Способност за јасно презентирање на заклучоци.
(Искуство во осигурување не е услов).
Што нудиме:
Директна соработка со секторите и менаџментот.
Ментор и обуки за професионален раст.
Можност за раст во водечка улога за податоци.
Пријатна, тимска атмосфера каде што секој придонес се вреднува.
Конкурентни услови за работа согласно квалификациите и искуството на кандидатот.
Доколку се препознавате во овој профил, испратете го вашето CV на hr@crosig.mk со назнака „Специјалист за анализа на податоци“
најдоцна до 16.10.2026 година.
Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје
Пазарот за неживотно осигурување во РС Македонија бележи континуиран раст, а Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје претставува еден од најзначајните и најсигурни носители на овој сегмент. Компанијата е основана како дел од Croatia Osiguranje dd. Загреб, која има повеќе од 140 години традиција и е регионален лидер во осигурителната индустрија.
Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје | Осигурување со Традиција