Детали за позицијата

 

 

Барате работна средина каде што вашите аналитички вештини и амбиција ќе дојдат до израз?

Во Кроација Осигурување АД – Неживот го прошируваме тимот на позицијата Соработник за контролинг — бараме личност која сака да работи со податоци, да креира точни анализи и да учествува во стратешкото планирање на компанијата.

 

Што ќе бидат вашите главни задачи:

• Изработка на финансиски и оперативни извештаи за менаџментот

• Следење и анализа на буџетот, приходите, трошоците и клучните KPI индикатори

• Анализа на резултатите по бизнис сегменти, канали и организациски единици

• Учество во годишното планирање и во процесите за автоматизација на контролингот

 

Што ни е важно да поседувате:

• Високо образование во областа на економијата, финансиите или сметководството

• Минимум 3 години искуство во контролинг, финансии или ревизија

• Напредно познавање на MS Excel и способност за работа со големи бази на податоци

• Развиено аналитичко размислување и одлично познавање на англиски јазик

Предност ќе имаат кандидатите со искуство во финансискиот/осигурителниот сектор, познавање на Power BI или IFRS стандарди.

 

Што нудиме ние:

• Работа во реномирана осигурителна компанија

• Можност за постојан професионален развој и усовршување

• Пријатна, тимска атмосфера каде што секој придонес се вреднува

• Конкурентни услови за работа согласно квалификациите и искуството на кандидатот

 

Доколку се препознавате во овој профил, испратете го вашето CV на hr@crosig.mk со назнака „Соработник за контролинг“

најдоцна до 16.10.2026 година.

 

За компанијата

Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје

Пазарот за неживотно осигурување во РС Македонија бележи континуиран раст, а Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје претставува еден од најзначајните и најсигурни носители на овој сегмент. Компанијата е основана како дел од Croatia Osiguranje dd. Загреб, која има повеќе од 140 години традиција и е регионален лидер во осигурителната индустрија.

Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје | Осигурување со Традиција

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ