Детали за позицијата
КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Соработник за актуарски работи
Поради проширување на актуарскиот сектор и зголемен обем на работа, Кроација Осигурување АД Скопје објавува оглас за вработување на Соработник за актуарски работи.
Потребни квалификации
- Високо образование (240 ЕКТС или VII/1): Природно-математички факултет – Математика, Електротехнички факултет, Машински факултет, Економски факултет или Факултет за осигурување.
- Aктивно познавање на англиски јазик.
- Напредно познавање на MS Office.
- Развиени аналитички способности и логичко размислување.
- Подготвеност за континуирано учење и тимска работа.
Работни задачи
- Анализа, обработка и интерпретација на големи бази на податоци.
- Изработка на статистички анализи и извештаи.
- Учество во пресметка на технички резерви и други актуарски анализи.
- Учество во моделирање и проценка на ризици.
- Подготовка на регулаторни и интерни извештаи.
- Учество во развој и унапредување на аналитички модели, методологии и процеси.
Нудиме:
- Работа во професионална и динамична средина.
- Континуирана едукација и професионален развој.
- Можност за градење кариера во областа на актуарството.
- Работа со современи аналитички алатки и големи бази на податоци.

Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија (CV) на e-mail: hr@crosig.mk, најдоцна до 15.08.2026 година.
За компанијата
Веќе 140 години, ги чуваме вредностите кои нашите луѓе ги создаваат. Со модерните деловни решенија создаваме темели за сигурна иднина, и на тој начин ја обезбедуваме нашата лидерска позиција.
Кроација Осигурување – Неживот вложува во развојот на своите вработени, препознавајќи ги како највредниот ресурс на Друштвото. Преку организирање обуки, семинари, конференции и практични тренинзи, ги поттикнуваме професионалните компетенции, ја зајакнуваме подготвеноста за нови предизвици и ја поттикнуваме ориентацијата кон остварување на стратешките цели и високи стандарди на услугата.
Едно е сигурно, Кроација Осигурување!
Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје | Осигурување со Традиција