ПЕКАБЕСКО АД

Сметководител

Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи

ПЕКАБЕСКО АД

заради остварување на своите цели објавува оглас за вработување на следнава работна позиција:

СМЕТКОВОДИТЕЛ​

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: 

  • ВСС-Економски факултет – отсек сметководство и ревизија
  • Најмалку 3 години работно искуство како сметководител
  • Поседување на уверение за овластен сметководител
  • Да се достави потврда дека ги извршувале работите и работните задачи кои се бараат со огласот од фирмите во кои работеле
  • Одлични компјутерски вештини, пред се познавање на Microsoft word и excel
  • Познавање на сметководствени стандарди
  • Комуникациски способности
  • Аналитичност, прецизност и запазување на детали во работењето
  • Навременост и запазување на рокови за завршување на работата
  • Систематичност, организираност и иницијативност
  • Англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Работни задачи: 

  • Книжење на дневни трансакции и одговара за ажурноста и точноста на истите
  • Контрола на аналитички картици со главна книга
  • По потреба ги архивира документите за кои е и одговорен
  • Одговара за комплетноста и точноста на подготвените извештаи и податоци
  • Работи на контрола на сметките за побарувања и обврски и нивно сложување и дава предлози за сложување со клиенти
  • Креирање фактури, одобренија и други финансиски документи
  • Водење и контрола на материјално со финансово сметководство
  • Комуникација со странки, државни органи и други институции поврзани со делокругот на работењето
  • Контрола на усогласеноста на работењето од правен и даночен аспект
  • Организирање и спроведување на контролни периодични и годишни пописи согласно законите и прописите
  • Да чува деловна тајна
  • Врши и други работи и работни задачи кои произлегуваат од делокругот на неговата работа и по налог на Финансискиот директор и шефот на службата

Работни услови: 

  • Работниот однос се склучува на определено време од 6 месеци со можност за продолжување
  • Работното време е од понеделник до петок и изнесува вкупно 40 часа
  • Висина на нето плата 40.000 денари
  • Обезбеден топол оброк

Напомена: 

  • Апликациите на кандидатите кои немаат работно искуство од областа нема да се разгледуваат
  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите
  • Избор ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување
  • Испратете го вашето CV (молба) преку cv@pekabesko.com.mk
  • Апликациите да се достават заклучно со 30.11.2024 година

Пекабеско АД

Премиум
Важи до 30 ноември 2024