Детали за позицијата

– стабилна и современа компанија со силно присуство на пазарот, е препознатлива по својата професионалност, континуиран раст и посветеност кон квалитетна услуга и грижа за клиентите.

Во моментов, поради проширување на тимот во Скопје, компанијата има потреба од:

ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ


Опис на работните обврски:

  • Консултативна продажба со претходно обезбедена обука
  • Административни задачи поврзани со процесот на продажба
  • Одговорност за ред, функционалност и уредност на продажното место

Компанијата нуди:

  • Солидна месечна плата со загарантиран процент од продажба
  • Систем за фидбек (СФ), корисен за развој и идни препораки при вработување
  • Можност за добивање 13та и 14та плата 
  • Платено колективно здравствено осигурување
  • Работа во позитивна, организирана и стимулативна средина
  • Реални можности за личен и професионален развој

Начин на аплицирање:

Професионалната биографија треба да се испрати по електронски пат.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Одлична можност за вработување во динамична и стабилна компанија – аплицирајте денес и станете дел од тимот на Сара Фешн!

За компанијата

Друштвото Де-Та постои од 1999 година и е сопственик на ланецот продавници Sara Fashion.

Компанијата Sara Fashion е семејна компанија за продажба на чорапи, хулахопки, долна облека, облека за дома, костими за капење и модни додатоци.

Основана пред 26 години, а која сеуште работи со истиот ентузијазам и љубов, постојано вложување и едукација на своите кадри, како и постојано проширување на своето портфолио на производи.

Денес може да се каже дека компанијата прерасна во една од најголемите македонски компании во својата област, со повеќе од 200 вработени и се состои од над 70 продажни места во Република Северна Македонија и Република Србија.

Исто така Де-Та располага со четири магацини за големопродажба, од кои два во Скопје и по еден во Битола и Белград од каде се врши достава на производите низ целата територија на Република Македонија и Република Србија.

Покрај сопствениот бренд SF, Де-Та е ексклузивен застапник на повеќе светски признати брендови и тоа: Penti, NBB, Pompea, Donella и Milano.

Во 2007 година Де-Та започна и со производство на памучни чорапи, формирајќи го брендот Red Star кој моментално брои над педесет различни производи.

 

За нас | Sara Fashion

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ