Детали за позицијата

Fitness House е место каде здравата храна и квалитетната услуга се секојдневие. Со растот на нашата работа, ја прошируваме нашата мала, посветена екипа и отворени сме за нов член на тимот – на позицијата Салатер/ка.

Доколку уживаш во уредност, внимателност и имаш чувство за детал – оваа позиција е твоја можност за стабилна и пријатна работна средина.

Придружи ни се и стани дел од атмосфера каде што се цени трудот, мирниот пристап и тимскиот дух.

 

Твоите задачи ќе вклучуваат:
-Подготовка и сервирање на свежи салати
-Одржување на хигиена
-Добра организација
-Тимска координација

Бараме:
-Смирен, одговорен и уреден пристап
-Искуство е предност, но не и услов

Нудиме:
-Стабилна работна атмосфера
-Обука и поддршка при воведување
-Навремена плата и коректни услов

 

Доколку сакате и Вие да бидете дел од тимот на =Fitness House,

контактирајте не на: 074/238-549

 

За компанијата

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ