Детали за позицијата

Минт Финтек Груп
вработува
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА
Доколку си амбициозна, одговорна и мотивирана личност со желба за развој во продажба и активно учество во разрабoтување и функционирање на канцеларија – те очекуваме во нашиот тим!
Потребни квалификации:
- Предност работно искуство во продажба на осигурителни полиси, кредитирање и туристички аранжмани
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Одлично владеење на MS office пакет
- Имаат желба за тимска работа и постигнување на одлични резултати
- Поседуваат способност за продажба, развој и унапредување
- Поседуваат способности за придобивање на нови клиенти и градење на долгорочен однос со постојани клиенти.
На избраните кандидати Mint fintech Group им нуди:
- Можност за работење во динамична и тимска атмосфера со млади и амбициозни луѓе
- Обука и развивање на продажни вештини
- Можност за напредок во кариерата
- Континуиран систем на награди и бонуси.
Дополнителни бенефиции:
- платени обуки
- тим билдинзи
- бонуси и награди
- попусти и можност за плаќање на рати за различни услуги во повеќе компании
- учество на спортски, рекреативни настани
- дополнително приватно здравствено осигурување после една година работен стаж
- персонализирани подароци за новороденче
- вклучување во различни активности децата на вработените.
*Плата по договор.
Сите заинтересирани кандидати да достават CV на Македонски јазик на е-mail адреса
hr@mint.com.mk
со назнака на позицијата Референт за продажба – Струмица.
