ГЕИНГ ДОО Скопје
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина.
Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
Oглас за работна позиција: Референт во Служба Возен Парк-Логистика
Опис на работно место:
Логистичка поддршка (достава на документи, вработени, возила на сервис)
Минимум потребни квалификации:
Образование: ССС
Со и без работно искуство
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
Да врши достава на документација и вработени, носи возила на сервис
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 24.05.2025 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.