ГЕИНГ ДОО Скопје
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
Oглас за работна позиција: Референт во служба сметководство и финансии
Опис на работно место:
Сметководствено – финансиско работење:
Прием контрола и евиденција на влезна документација;
Изработка и евиденција на излезна документација;
Подготовка на Извештаи за состојба на долгувања-побарувања;
Евиденција и следење на наплата;
Банкарско работење;
Подготовка на извештаи до надлежни институции;
Познавање и примена на важечка законска регулатива од наведените области.
Минимум потребни квалификации:
Образование: ССС/ВСС – Економски факултет;
Работно искуство: Минимум три години работно искуство во областа сметководство и финансии, поседување на лиценца за Овластен сметководител ќе се смета за предност;
Познавање на MS Office пакетот и работење во Еxcel;
Познавање на Англиски јазик;
Возачка дозвола Б категорија.
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
Аналитички способности, организациски способности, комуникативност, тимска работа, доверлива личност.
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 08.01.2025 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.