ГЕИНГ ДОО Скопје

Референт во служба Човечки ресурси

Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина.

Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ. ДОО Скопје има потреба од вработување на:

Oглас за работна позиција: Референт во служба Човечки ресурси

Минимум потребни квалификации: 

  • Образование: ВСС

  • Работно искуство во областа на Човечки Ресурси ќе се земе во предвид

  • Познавање на позитивна законска регулатива од областа на Трудовото право

  • Познавање на Англиски јазик

  • Познавање и работа со MS Office

  • Возачка дозвола – Б категорија

  • Способност за тимска работа, комуникативност,одговорност,трпеливост и прецизност во извршувње на работните задачи.

Опис на работни задачи:.

  • Изготвување на документи за вработени (договори, решенија,анекси, потврди и сл.)

  • Пријава и одјава на вработени

  • Води персонални досиеја, евиденции и прегледи на вработени
  • Комуникација со вработените, анализа на задоволство на вработените и поддршка во нивниот развој
  • Изготвување на огласи за вработување, интервјуирање и селекција на кандидати.

  • Изработка на плата

  • Имплементира правила и процедури во одделот за човечки ресурси во компанијата
  • Изработува административна документација која произлегува од правата и обврските на работниот однос
  • Спроведување на постапки пред надлежни институции
  • Внесување на податоци во системите и платформите за управување со човечки ресурси.
  • Изготвување на документација согласно закон од областа на работни односи и безбедност и здравје при работа

Вашата биографија со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • По електронска пошта на: kariera@geing.com.mk
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје најдоцна до 15.04.2025 година

 

Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот.

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

 

Премиум
Важи до 15 април 2025