ГЕИНГ ДОО Скопје

Референт во човечки ресурси/Правник

Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ. ДОО Скопје има потреба од вработување на:

Oглас за работна позиција: Човечки Ресурси/Правник

Минимум потребни квалификации: 

  • Образование: ВСС

  • Работно искуство во областа на Човечки Ресурси ке се земе во предвид

  • Познавање на позитивна законска регулатива, (Деловно право, Трговско право, Трудово право)

  • Познавање на Англиски јазик

  • Познавање и работа со MS Office

  • Возачка дозвола – Б категорија

  • Способност за тимска работа, комуникативност,одговорност,трпеливост и прецизност во извршувње на работните задачи.

Опис на работни задачи:

  • Дава стручни појаснувања и мислења за примена и усогласеност со позитивната легислатива, изготвува анализи, информации и други материјали.

  • Изготвување на документи за вработени (договори, решенија, потврди и сл.)

  • Пријава и одјава на вработени

  • Водење на персонални досие за вработени

  • Изготвување на огласи за вработување, интервјуирање и селекција на кандидати.

  • Изготвува акти за уредување на односи, состојби и прашања со кои правното лице стапува во правниот промет.

  • Изготвува и толкува Договори за (тендери, вработени, надворешни соработници..)

  • По потреба проучува и прави стручна соработка на судските и други предмети, учествува на рочишта, комуницира со нотари, извршители,

  • Изготвување и ажурирање на правилници за работа во компанијата

  • Следење на промените во соодветните закони

  • Изработка на плата

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • По електронска пошта на: kariera@geing.com.mk
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје најдоцна до 11.01.2025 година

Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

 

Премиум
Важи до 11 јануари 2025