Детали за позицијата
Етаблирана компанија со повеќе од 50 вработени, која е во фаза на деловна експанзија и соработува со светски реномирани брендови,
има потреба од професионалец за позицијата:
РАКОВОДИТЕЛ НА СЕРВИСНА МРЕЖА
Работна локација: Скопје, со одговорност за сервисни центри низ Македонија.
Главни одговорности:
- Целокупно управување и координација на мрежа од 7 сервисни центри.
- Следење на оперативното работење и успешноста на сервисите во Скопје, Тетово, Битола, Струмица и други локации.
- Поставување цели, стандарди и процедури за ефикасно сервисно работење.
- Координација и поддршка на раководителите и сервисните тимови.
- Следење на продуктивноста, трошоците, квалитетот на услугите и задоволството на клиентите.
- Идентификување можности за подобрување и развој на сервисната мрежа.
- Редовно известување до менаџментот за резултатите и предизвиците.
Потребни квалификации:
- Искуство во управување со сервисни операции, повеќе локации или поголеми тимови.
- Изразени лидерски, организациски и аналитички способности.
- Способност за управување со повеќе процеси и тимови истовремено.
- Ориентираност кон резултати, квалитет и ефикасност.
- Подготвеност за службени патувања низ Македонија.
Нашиот клиент нуди:
- Менаџерска позиција со значајна одговорност.
- Конкурентен финансиски пакет.
- Можност за директно влијание врз развојот на сервисната мрежа.
- Долгорочна професионална перспектива во компанија во експанзија.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV исклучиво преку следната Е-маил адреса:
contact@jobs.com.mk
НАПОМЕНА:
По завршувањето на огласот, само апликантите кои ги исполнуваат условите и ќе поминат предселекција, ќе бидат повикани на интервју.