ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Позиција: Раководител на лабораторија
Локација: Битола
Тип на вработување: Целосно работно време (40 часа неделно)
За компанијата:
Пелистерка АД Скопје е компанија со долга традиција, основана во 1953 година, која започна како лозарско стопанство и со текот на годините се разви во водечки производител на вино, грозје и минерална вода. Од 2009 година, Пелистерка произведува и негазирана минерална вода со избалансиран состав на минерали, продолжувајќи ја традицијата на квалитет и доверба кај потрошувачите. Со современи линии за полнење и сопствен модерен дизајн на шишиња, компанијата продолжува да доминира на македонскиот пазар.
Работното место се наоѓа во лабораторија, каде вработениот ги извршува своите задачи во рамки на 40-часовна работна недела. Основна цел е навремено и квалитетно извршување на анализите, како и обезбедување на квалитет и безбедност во производството.
Клучни одговорности:
Постојано следење на физички и атрибутни параметри во процесот на производство.
Лабораториски анализи на минерална вода и пополнување на соодветна документација.
Контролни анализи на минерална вода на 7 точки (двапати во смена).
Складирање и правилно означување на земените мостри.
Изготвување неделен извештај за движењето на параметрите.
Алармирање на раководителот во случај на отстапување од параметрите.
Подготовка и одржување на мерни инструменти.
Грижа за редовно баџирање на мерните инструменти.
Тековна грижа за потребните материјали за анализа.
Подготовка на примероци за анализа и нивна правилна обработка.
Изработка на хемиски и микробиолошки анализи навремено и точно.
Известување на раководителот за резултатите и стабилизирање на девијациите.
Анализа и интерпретација на проценетите мостри за месечна анализа.
Дополнителни задачи:
Одговорност за текот и динамиката на задачите во смената.
Навремено сумирање и доставување на резултати до раководителите.
Пренесување задачи на другата смена за континуитет на работата.
Подготовка на дневни, неделни и месечни извештаи.
Контрола на квалитетот на репроматеријали.
Водење евиденција за состојбата на мостри и нивен квалитет.
Директна одговорност за објективност и точност на анализите.
Грижа за дезинфекција и исправност на лабораториската опрема.
Начин на извршување:
Работните задачи се извршуваат во стоечка и движечка позиција.
Испитувања на микроклиматски услови (лето/зима), осветленост, бучава и прашина се вршат редовно. Се врши и редовна проверка на електрична инсталација и средствата за работа.
Ние нудиме:
Работа во стабилна и реномирана компанија со долгогодишна традиција.
Динамична и иновативна работна средина.
Професионален развој и обуки.
Конкурентна плата и бенефиции.
Тимска и пријателска работна атмосфера.
Апликации:
Заинтересираните кандидати можат да ја испратат својата биографија и мотивациско писмо на contact@jobs.com.mk со назнака „Раководител на лабораторија“.
Пелистерка АД Скопје е основана во 1953 година чија основна цел била обработка на земјоделско земјиште и производство на вино и грозје на Битолскиот регион, под името “Лозар стопанство Петилеп”.
Во 1961 година судот го променил името во “Лозарско винарски комбинат ЛОЗАР ПЕТИЛЕП”. Организацијата имала два оддели и тоа оддел за производство на грозје и оддел за производство на вино, овошје, ракија, сокови. Во 1968 година- организацијата го проширува своето производство со минерална вода и СО2. Организацијата минува низ неколку реорганизации, така што во 1976 година се организира во Работна организација без работни единици. Во 1993 година е направено прилагодување на постоечкиот закон и го добива името “Агроиндустриски комбинат Лозар” Битола. Со трансформацијата на општествениот капитал во приватен АИК ЛОЗАР-Битола на 24.12.2001 година се трансформира во приватно Акционерско друштво со 100% акционерски капитал, под името Лозар Пелистерка АД Скопје. Денес, производството на минерална вода се обавува во два производствени погони лоцирани во с. Меџитлија, непосредно до грчката граница, т.н. погон Меџитлија 1 и погон Меџитлија 2. Винарската визба е лоцирана на влезот во Битола. Погонот Меџитлија 1 е изграден 1965 година и се простира на вк. површина од 23.121 м2 со градежна површина од 2328 м2. Темелите на погонот Меџитлија 2 се поставени 1968 год. . Денес овој погон се простира на површина од 24.807 м2 со градежна површина од 4.000 м2. Новиот погон за производство на СО 2изграден е во 2007 година и се протега на површина од 585 м2 од кои 181 м2 производствен дел. Фабриката е со капацитет од 3000 kg/h. Винарската визба е изградена 1961 година и денес таа се простира на површина од 2008 м2. Визбата е со капацитет од 5.000.000 л/годишно. Се преработуваат следните сорти грозје: Ризлинг, Бургундец, Мерлот, десертно грозје Мускат Хамбург, најмногу обезбедени од сопствени насади на лозје. Во 2008 год. Пелистерка АД Скопје. започна со производство и на газирани и негазирани сокови, со што ја заокружи својата понуда на освежителни пијалаци. Благодарејќи на квалитетот на водата, првокласните суровини, технологијата и знаењето на вработените, соковите на Пелистерка АД Скопје. за многу брзо време станаа препознатлив бренд на Македонскиот Пазар. Во 2009 година Пелистерка АД Скопје. го воведува системот за управување со контрола на квалитет ISO 9001/2008 и HACCP. Во 2009 година Пелистерка АД Скопје. започна со производство и на негазирана минерална вода под брендот ОБИЧНА. Водата по својот из балансиран состав на минерали е само продолжение на квалитетот на Пелистерка. Во 2010 Лозар Пелистерка АД Скопје го промени името во Пелистерка АД Скопје. Компанијата дизајнираше сопствено заштитно шише, кое ги задоволува барањата и на најпребирливите потрошувачи. Убавиот модерен дизајн и врвниот квалитет, само ја продолжуваат традицијата на доминантност на пазарот во Македонија. Во погонот во Меџитлија започна да функционира уште една линија за полнење на стаклена амбалажа, со што ќе можат да се задоволи растечката побарувачка на потрошувачите.