ЏОБС КОМ
ЏОБС КОМ Скопје, за потребите на својот клиент,
објавува ОГЛАС за вработување на
РАКОВОДИТЕЛ НА АГРО СЕКТОР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ТРГОВСКО ДРУШТВО
Кандидатот ќе биде одговорен за планирање, организација и надзор на активностите во АГРО СЕКТОРОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ТРГОВСКО ДРУШТВО со цел оптимизација на производството и одржување на висок квалитет
Одговорности и задачи:
• Планирање и координација на производниот процес во агро комплекс;
• Организирање на вработените, нивно обучување, распоредување и контролирање на работењето
• Согледување и анализирање на производствениот процес, предлагање на мерки и разрешување на техничко-технолошките проблеми;
• Управување со опремата и обезбедување на оптимална употреба на ресурсите,
• Учество во техничко-технолошките процеси за реализација и унапредување на производството;
• Учество во креирање на развојни програми
• Соработка со надворешни стручни лица и консултанти во функција на унапредување на производниот процес и ефикасно справување со проблемите при имплементацијата на програмите
Потребни квалификации:
• Кандидатите со ВСС- Факултет за земјоделски науки и храна или претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 2 (две) години ќе имаат предност при изборот;
• Познавање на земјоделската пракса и технологија
Од кандидатот очекуваме:
• Способност за работа во тим;
• Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
• Организираност и одговорност;
Ви нудиме:
• Конкурентна плата и бенефиции
• Можност за стручно усовршување и напредување во работата;
Општи правила за аплицирање:
• Именување на документот за аплицирање – CV (во кое ќе бидат наведени степенот на образование и работното искуство;
• Назнака на позицијата за која се аплицира (во самиот маил);
• Мотивационо писмо
• Препораки
Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail:
contact@jobs.com.mk
со задолжителна назнака “РАКОВОДИТЕЛ НА АГРО СЕКТОР ВО ЗТД“
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 04.11.2024 до 15.11.2024 год).
Напомена:
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани за интервју.