Детали за позицијата

 Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање Раководител/ка на проекти, со цело работно време (40 часа неделно).

 

Вид на вработување:

  • Работниот однос започнува со договор на определено време од 3 месеци, со полно работно време (40 часа неделно – 100%), како иницијална фаза на ангажман, со изразена намера и реална можност за долгорочно вработување и понатамошен професионален развој во рамки на организацијата.
  •  Работниот ангажман ќе се спроведува почнувајќи од 1 април 2026 година и предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување како и почетна основна нето плата во износ од 50.800 денари.

 

Целосен оглас:

Оглас за ангажирање Раководител/ка на проекти

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање Раководител/ка со цело работно време (40 часа неделно). 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација која 34 години работи на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно работење на предизвиците со кои се соочуваат децата можеме да направиме промени. Тимот на Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност, ненасилство, личен интегритет, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка.

Нашите вредности ставени во функција на организациската мисија и визијата не движат кон креирање на општествени промени кои се во најдобар интерес на децата.

 

Мисија на ПДАС Меѓаши:

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите.

 

Визија на ПДАС Меѓаши:

Поправеден свет за секое дете

 

Доколку се препознавте во повеќето од нашите вредности и доколку ја разбирате нашата мисија и визија и би сакале да станете дел од нашиот мал но посветен тим, ја очекуваме Вашата апликација.

 

Квалификации:

  • Најмалку 2 години работно искуство во раководење, спроведување проекти финансирани од Европската унија и/или меѓународни проекти во областа на човековите права и слободи (детските права и проекти со млади ќе се сметаат за предност)
  • Одлично познавање на проектен менаџмент и сите аспекти при планирањето
  • Завршено високо образование
  • Професионална етика, одговорно, навремено и уредно завршување на задачите, посветеност кон мисијата на организацијата, организациските цели, целите на проектите и програмите;
  • Одлични аналитички способности, работа со рокови, подготвеност за медиумски настапи, способност за навремено и редовно планирање, подготвеност за соработка и способност за поттикнување и мотивирање
  • Одлични вештини во координација, дисеминација и тимски менаџмент во согласност со предвидените обврски и задачи
  • Искуството во обезбедување сервисни услуги, координација и организација на услуги ќе се смета за предност
  • Иницијативност, организаторски способности и способност за работа под притисок
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

Главни задачи и обврски:

  • Управува и обезбедува целосно спроведување на проектите, административна и логистичка координација и редовно известување;
  • Управува со текот на имплементацијата на проектите во кои е ангажиран/а;
  • Ги следи сите фактори кои може да влијаат на имплементацијата на проектите и навремено презема соодветни мерки за обезбедување квалитено спроведување на активностите;
  • Медиумски настапи и јавно застапување;
  • Подготвува и редовно поднесува извештаи до донаторите;
  • Работи тимски, соработува, навремено обезбедува административна и техничка поддршка на организацијата кога е потребно;
  • Одговорно административно работи, документира, евидентира и архивира важна поштенска и електронска коресподенција;
  • Одржува успешна и редовна комуникација со партнерските организации и соработниците;
  • Обезбедува одржлив развој на организацијата и овозможува нови активности/содржини значајни за децата и младите;
  • Учествува во креирање информативни содржини за активностите (веб-сајт, социјални мрежи) и директни учества на медиуми, во врска со проектните активности и работата на организацијата;
  • Се придржува кон основните документи на организацијата (повелбата, кодексот, правилниците и другите акти, визијата и мисијата на организацијата) како и работните планови на активности (годишни, месечни, неделни и дневни) и евалуација на истите;
  • Одржува комуникација со донаторите и стои на располагање за било какви информации во врска со спроведувањето на проектите;
  • Придонес во други активности на Детската амбасада МЕЃАШИ, извршува и други работи од негова/нејзина надлежност во согласност со законот, општите акти на организацијата, овластувањата и договорите со тимот.

Вид на вработување:

  • Работниот однос започнува со договор на определено време од 3 месеци, со полно работно време (40 часа неделно – 100%), како иницијална фаза на ангажман, со изразена намера и реална можност за долгорочно вработување и понатамошен професионален развој во рамки на организацијата.
  • Работниот ангажман ќе се спроведува почнувајќи од 1 април 2026 година и предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување како и почетна основна нето плата во износ од 50.800 денари.

 

Аплицирање:

  • Работна биографија
  • Писмо за мотивација
  • Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование
  • Копија од возачка дозвола
  • Потврда за познавање англиски јазик (ќе се смета за предност)
  • Препораки или потврда од претходните работни места (ќе се смета за предност)

 

Целокупната документација може да се испрати на следнава електронска адреса megjashi@childrensembassy.org.mk со назнака: „Пријава по оглас за избор на Раководител/ка” или испратена по пошта на ул: ,,Коста Новаковиќ” 22а, 1000 Скопје, во затворено плико, со назнака: „Пријава по оглас за избор на раководител/ка” најдоцна до 15.3.2026.

Само селектираните ќе бидат повикани, а на останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада Меѓаши не презема одговорност да им одговори.

Огласот и повеќе информации за работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши кандидатите/ките можат да најдете на веб страната: www.childrensembassy.org.mk 

За компанијата

Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација која 34 години работи на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно работење на предизвиците со кои се соочуваат децата можеме да направиме промени.

Тимот на Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност, ненасилство, личен интегритет, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка. Нашите вредности ставени во функција на организациската мисија и визијата не движат кон креирање на општествените промени кои се во најдобар интерес на децата.

Мисија на ПДАС Меѓаши

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата,

поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското

движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите

во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки

активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите.

Визија на ПДАС Меѓаши:

Поправеден свет за секое дете

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ