Детали за позицијата

ТОБАКО КОМПАНИ ДООЕЛ – Првата продавница за алкохол, вино и пури во Скопје го проширува својот тим!
ГРАДСКО ТОБАКО
вработува:
ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ
ВАШИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Продажба и услужување на купувачи;
- Љубезна и професионална комуникација со клиентите;
- Работа со каса и наплата;
- Прием, изложување и дополнување на производите;
- Грижа за уредноста и организацијата на продажното место;
- Следење на залихите и навремено известување за потребните производи;
- Одговорно извршување на секојдневните работни задачи.
ОД ВАС ОЧЕКУВАМЕ:
- Одговорност, точност и посветеност кон работата;
- Комуникативност и коректен однос со купувачите;
- Подготвеност за тимска работа;
- Желба за работа и учење;
- Претходно искуство во продажба е предност, но не е пресудно.
НИЕ ВИ НУДИМЕ:
- Почетна плата над 32.000 денари
- Работа на празник платена +100%
- Работа во трета смена платена +70%
- Годишен регрес од 20.000 денари
- Паричен ваучер за Велигден, Божиќ и Нова Година
- Годишен бонус во висина на 13-та плата
- Годишен одмор согласно закон и работен стаж
- Платени прекувремени часови
- Поддршка и целосно воведување во работните обврски
- Можност за долгорочен работен ангажман
Бараме луѓе кои сакаат стабилна работа и коректен однос со работодавачот.
Доколку сте комуникативни, одговорни и сакате динамична работа со луѓе, ве покануваме да станете дел од нашиот тим. Испратете ја вашата апликација уште денес преку tobakokompani@gmail.com
Локации: Зоолошка, Козле и Водњанска – Скопје

За компанијата
Првата продавница за алкохол, вино и пури во Скопје!
📍Г.Т Зоо: 24/7
📍Г.Т Водњанска: Водњанска26 07-24ч
📍 Г.Т Козле: Миле Поп Јорданов 46А од 07-02ч