Детали за позицијата

 

JOBS, за потребите на свој соработник – Извршител Васко Блажевски, објавува

ОГЛАС

за вработување на

ПРАВНИК (м/ж) 

 

 

Работни задачи и одговорности:

  • Работа на предмети и спроведување на секојдневните активности во извршителска канцеларија;
  • Подготовка, обработка и водење на правна и административна документација;
  • Подготовка на акти, дописи и друга документација поврзана со постапките за извршување;
  • Комуникација со странки, доверители, должници, институции и други учесници во постапката;
  • Следење на рокови и уредно водење и архивирање на предметите;
  • Теренски активности и доставување/прибирање документација по потреба;
  • Извршување на други правни и административни работи согласно потребите на канцеларијата.

 

Потребни квалификации:

  • Задолжително завршено високо образование – Правен факултет;
  • Најмалку 2 години претходно работно  искуство во извршителска канцеларија;
  • Возачка дозвола Б категорија и активно управување со возило е предност;
  • Добро познавање на работа со компјутер и канцелариски програми;
  • Развиени комуникациски и организациски способности;
  • Самоиницијативност, точност, прецизност, доверливост и високо ниво на одговорност.

Услови за работа:

  • Конкурентна плата;
  • Редовно работно време од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок
  • Работа во професионална и организирана работна средина;
  • Можност за стекнување и надградување на практично правно искуство.

 

АПЛИЦИРАЊЕ:

Доколку ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за професионален ангажман во извршителска канцеларија, испратете ја вашата професионална биографија (CV) на:

vasko@izvrsitelblazevski.mk

 Во насловот на пораката задолжително наведете: „Апликација за Правник“.

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Сите пристигнати апликации ќе бидат третирани со целосна доверливост.

За компанијата

Локација: бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 37/3-18, Центар, Скопје
(во близина на Европски Универзитет)

Работно време: Понеделник – Петок, 08:30 – 16:30 часот

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ