ГЕИНГ ДОО Скопје

Овластен сметководител/Сметководител

Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:

Oглас за работна позиција: Овластен сметководител/Сметководител

Опис на работно место:

Сметководствено – финансиско работење:

  • Книжење, ликвидирање и контрола на целокупна сметководствена документација;

  • Изготвување и достава на ДДВ пријави;

  • Пресметка на аконтации за данок на добивка;

  • Подготовка и поднесување на завршна сметка и финансиски извештаи;

  • Подготовка на извештаи до надлежни институции;

  • Познавање и примена на важечка законска регулатива од оваа област.

Минимум потребни квалификации: 

  • Образование: ССС/ВСС – Економски факултет;

  • Работно искуство: мин. 5 години работно искуство во областа сметководство и финансии и задолжително поседување на лиценца за Овластен сметководител/Сметководител;

  • Познавање на MS Office пакетот и работење во Еxcel;

  • Познавање на Англиски јазик;

  • Возачка дозвола Б категорија.

Дополнителни квалификации/вештини/познавања:

  • Аналитички способности, организациски способности, комуникативност, тимска работа, доверлива личност.

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • По електронска пошта на: kariera@geing.com.mk
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 10.02.2025 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Премиум
Важи до 10 февруари 2025