Детали за позицијата

 

 

СКОПСКО ГРУП ДООЕЛ Кавадарци

  • компанија со лидерска позиција во дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалаци, која поседува 3 дистрибутивни центри лоцирани во Велес, Кавадарци и Гевгелија има потреба од проширување на тимот на вработени во сектор сметководство и финансии.

Позиција: Овластен Сметководител

1 (еден) извршител

Работно место: Кавадарци

 

 
 
Опис на работната позиција: 
  • Материјално-финансиското работење во доменот на трговија на големо и мало
  • Реализација на паричните текови (на дневна, неделна и месечна основа)
  • Вршење на постапки на плаќање во компанијата во согласност со процедурите на компанијата
  • Комуникација со банките за сите постапки со нив (плаќања, отворање и продолжување на финансиски инструменти)
  • Редовно порамнување на картичките со добавувачи
  • Следење на движењето и исправноста на документацијата во рамките на компанијата
  • Подготовка и поднесување на месечни ДДВ-пријави
  • Подготовка и пресметка на плати
  • Подготовка на редовни и точни извештаи во согласност со договорената динамика
  • Учество во подготовка на годишна сметка и останати финансиски извештаи
  • Одговорност да провери дека сите сметководствени записи се евидентираат точно, во согласност со применетите сметководствени стандарди.
 
Основи услови:
  • Завршено најмалку средно образование
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство во финансии и сметководство
  • Поседување лиценца за овластен сметководител
  • Познавање на работа со Microsoft пакетот, познавање на англиски јазик
  • Докажано работно искуство во водење на комплетно сметководствено и финансиско работење, со акцент на трговија
  • Изразени организациски, аналитички и интерперсонални вештини
  • Висока професионална мотивираност за постигнување резултати, желба за исполнување и надминување на очекувањата на компаниските потреби
Што нудиме?
  • Работно време од понеделник до петок, со почеток од 7:00 часот и крај на работното време во 15:00 часот
  • Плата од 60.000,00мкд
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Кариерно напредување
  • Позитивна работна атмосфера, заснована на почит кон колегите.

 

 

Испратете го Вашето CV на
Запознајте ги нашите брендови:

За компанијата

Основана во 2019 година од Милан Ивановски Скопско Гроуп е дистрибутивна компанија која се стреми кон навремена и точна дистрибуција на производите до своите клиенти.
Позиционирањето на Македонскиот пазар како најдобар дистрибутер на пијалоци на територијата на централна Северна Македонија не инспирира да бидеме компанија заснована на цврсти вредносни и навремено и брзо да одговараме на потребите на нашите клиенти преку инзвонредна услуга, партнерски и принципиелен однос.
Нашиот пат кон успехот е заснован на вашите омилени алкохолни и безалкохолни пијалоци од Пивара Скопје и Винарската визба Тиквеш.
Имајќи предвид дека човечкиот потенцијал е најзначајниот ресурс за успехот на една компанија Скопско Гроуп се стреми кон создавање работна средина со позитивна работна атмосфера, заснована на почит кон колегите. Токму вештините и знаењата на вработените се потребни за исполнување на визијата и мисијата на нашата компанија.

 

ШИШКА бр.230, ГЛИШИЌ, Кавадарци, Република Северна Македонија

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ