Детали за позицијата

ЈАКА НОВА вработува:

Организатор во производство
Оддел: Производство фармација

 

 

Потребни квалификации за работното место:

  • Факултетска диплома по фармација, хемија, технологија, биологија или сродна област
  • (Работно искуство во производство, познавање на процеси за работа во фармацевтска индустрија ке се смета за предност)

 

Кратка содржина на работните задачи:

Одговорен за правилно навремено извршување на производство, неговата организација, контрола и спроведување на ДПП норми и почитување на актите за безбедност при работа.

 

Цели и одговорности на работното место

  • Координирање и следење на производствени процеси согласно барањата на ДПП
  • Распределба на дневни задачи и контрола на извршување
  • Проверка и пополнување на протоколи за серии и ин-процес контрола
  • Учество во валидации, квалификации и истраги при отстапувања
  • Грижа за безбедност и носење заштитна опрема
  • Соработка со други сектори за целосно исполнување на задачите

На кандидатот му нудиме

  • Конкурентска плата
  • Можност за професионален развој
  • Дополнителни награди и придобивки во зависност од остварените цели
  • Работа во една смена

 

Доколку ги поседувате горенаведените квалификации и вештини АПЛИЦИРАЈТЕ со Вашата професионална биографија следната e-пошта:

office@jakanova.com.mk

Адреса: Ул. Борис Трајковски бр. 75а

 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

За компанијата

Јака Нова е Македонска компанија за производство на лекови, додатоци на исхрана и козметика.

Со врвен тим од стручни и образовани кадри, во производствените капацитети распоредени на над 2.500m2, ги имплеметираме сите модерни технологии и стандарди во производство на она што ќе го подобри Вашето здравје. Во секој сегмент од нашето работење, квалитетот е наш главен приоритет.

Во своето работење досега оваа компанија 60% од производството го пласирала на Македонскиот пазар а останатите 40% биле наменети за извоз во: Србија, Хрватска, Словенија, БИХ, Белорусија, Албанија, Косово, Украина, Азербејџан, Латвија, Ерменија и други европски држави.

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ