Детали за позицијата

Контура – Скопје

Контура е креативно студио за дизајн, печатење, промотивни производи и брендирање на настани. Работиме со компании, организации, амбасади и меѓународни институции, создавајќи проекти што комбинираат дизајн, материјали и креативни идеи.

Поради раст на обемот на работа бараме оператор за дигитално печатење и подготовка на фајлови (press / prepress).

 

Работни задачи:

  • работа со машини за дигитално печатење
  • проверка и подготовка на материјали за печатење
  • основни монтажи и подготовка на печатарски формати
  • контрола на квалитет на печат
  • координација со дизајн тимот и продукцијата
  • подготовка на печатења за доработка.

 

Што бараме?

  • Минимум ССС
  • познавање на графичка подготовка и печатење
  • искуство со дигитални печатарски машини (предност)
  • прецизност и внимание на детали
  • способност за работа во динамична средина
  • одговорност и тимска работа.

*Познавањето на Adobe Illustrator / Photoshop / Acrobat Pro и подготовка на фајлови за печатење (prepress) ќе се смета за предност, но не е неопходно за пријавување на овој оглас.

 

Што нудиме?

  • работа на разновидни и интересни проекти
  • стабилна и пријателска работна средина
  • можност за учење и професионален развој
  • работа со модерна опрема и материјали.

 

Местото на извршување на работните обврски е во Скопје, во канцелариите на Контура.
Работно време: 09:00 до 17:00 часот, од понеделник до четврток. Петок: 09:00-14:00

 

 Аплицирај со:

  • кратка биографија
  • портфолио (или примери од работа) на: contact@kontura.mk со назнака за позицијата за која аплицирате.

 

Крајниот рок за аплицирање е 16.04.2026.

Сите апликации за работа се третираат со максимална доверливост. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

За компанијата

Контура е креативно студио за дизајн, печатење, промотивни производи и брендирање на настани. Работиме со компании, организации, амбасади и меѓународни институции, создавајќи проекти што комбинираат дизајн, материјали и креативни идеи.

 

КОНТУРА  ДОО

Ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” 132

1000 Скопје, Р. Македонија

 

T:   +389 (0)2 614 60 59

W:  www.kontura.mk

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ