Детали за позицијата

 

КОИ СМЕ НИЕ

Ерак Груп е бренд кој постои на пазарот повеќе од десет години и кој преку своите препознатливи компании нуди високо професионални услуги од областа на организиран превоз на патници, туристички и тур-операторски услуги и продажба на авиобилети.

Соработуваме со познати интернационални компании со седиште во и надвор од Република Северна Македонија и нашиот тим е максимално посветен да е секогаш во чекор со потребите и барањата на нашите клиенти.

Нашиот тим сакаме да го дополниме со уште една колешка/колега кој/а ќе биде задолжен/а за административни работи.

 

ВРАБОТУВАМЕ

Оператор/ка на пулт 

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО (работни задачи, функции и одговорности)

  • Прием на странки
  • Организација на настани
  • Администратор за водење евиденција на ситен инвентар
  • Набавка на канцелариски материјали
  • Прием и достава на фактури до сектори
  • Прием и достава на пошта

ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ (познавање на процедури, специфични барања на работата)

  • Со или без работно искуство
  • Познавање на MSOffice (Excel и Word)
  • Ажурност во извршување на работните задачи и пренесување на информации
  • Одлични организациски способности
  • Одговорна, лојална и учтива личност

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV(работна биографија)

 

Доколку сте заинтересирани аплицирајте по електронска пошта на адреса:

office@erakgroup.com

 

За компанијата

ЕРАК ГРУП е групација која преку своите компании – Караџи Турс Балкан, ЕРАК Транспортер и ЕРАК Еколоџи нуди разновиден спектар на услуги, вклучувајќи транспорт на патници, туристички услуги, како и иновативни решенија за управување со отпад, како што е пиролизата на пластичен отпад.

Компанијата е основана во 2006 година како семеен бизнис, со фокус на превозот на патници.

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ