Детали за позицијата

Технокомерц АД Скопје – компанија со повеќе од 50 години успешно работење на македонскиот пазар,
објавува оглас за вработување на:
Материјален Сметководител
Опис на работното место:
Материјалниот сметководител е одговорен за водење евиденција на материјалните средства, залихите и магацинското работење. Обезбедува точни податоци за движењето на материјали и стоки и подготвува извештаи за потребите на компанијата.
Главни одговорности:
- Водење евиденција за прием и издавање на материјали и стоки.
- Следење и контрола на залихи во магацин.
- Подготовка на документи (приемници, излезници, отписи).
- Спроведување на редовни и годишни инвентури.
- Соработка со магационери и производствен оддел.
- Подготовка на извештаи за материјално работење.
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование – економска насока.
- Работно искуство во материјално сметководство (предност).
- Познавање на магацинско и сметководствено работење.
- Работа со MS Excel и сметководствени програми.
- Организираност, одговорност и внимание на детали.
Нудиме:
- Работа во стабилна и реномирана компанија
- Професионална и мотивирачка работна средина
- Можности за професионален развој и усовршување
Начин на аплицирање:
Испратете CV на: tehnok@tehnokomerc.com.mk или контактирајте на телефон: 070 219 324
За компанијата
Технокомерц АД Скопје
– со Вас уште од 1972 година
Повеќе на tehnokomerc.com.mk