Детали за позицијата

НАЈПОЗНАТАТА ПЕЧАТНИЦА ВО СКОПЈЕ ВРАБОТУВА НОВИ СИЛИ!
Отворени работни позиции во производство-книговезница:
Мајстор на виткалица, Мајстор за работа на машина за топло лепење (биндер) и Мајстор на тронож/нож.
Наши вредности се:
- Занаетска прецизност и висок професионален стандард,
- Почит кон секој вработен и слушнат глас,
- Тимска култура базирана на доверба, фер однос и колегијалност,
- Законски и стабилен работен однос,
- Висока и прогресивна плата + Платени прекувремени, бонуси и награди,
- Прослави на успеси, тим-билдинзи, обуки и континуиран развој,
- Безбедна и современа работна околина со модерна технологија
- Клиентела што зборува за нашето име.
И затоа бараме нови сили кои сакаат:
- да ја продолжат нашата традиција,
- да работат со стручен тим,
- да станат дел од силна и стабилна компанија,
- и да градат кариера во индустрија што има иднина.
Опис на работните задачи:
Мајстор на виткалица
- Ракување со машина за виткање на табаци во процес на доработка,
- Подесување, подготовка и одржување на машината,
- Следење на квалитетот на виткањето и завршната обработка
- Работа според производни налози.
Мајстор за работа на машина за топло лепење (биндер)
- Раководење со машина за топло лепење на книги, списанија, каталози и др.,
- Подесување на параметри и следење на процесот
- Контрола на квалитет на готовиот производ.
Мајстор на тронож/нож
- Ракување со тронож за сечење на книги, каталози, брошури и други материјали,
- Подесување на машината според технички спецификации,
- Точно и прецизно сечење според зададени формати
- Контрола на квалитет на сечените производи.
Приклучи се во Бранко Гапо – каде секој труд се гледа, секој успех се слави и секој човек е важен.
Аплицирај на следната е-маил адреса:
info@brankogapo.com
Тука почнува твојата професионална приказна.
За компанијата
ЗА БРАНКО ГАПО ДООЕЛ Скопје:
Нашата компанија со години гради доверба со повеќе од 100 домашни и меѓународни клиенти, меѓу кои се водечки компании, институции, издавачи и светски брендови.
Квалитетот, роковите и човечкиот пристап се причината што ја градиме оваа клиентела 15 години.
За еден бизнис да го достигне својот квалитет вистинската основа се луѓето што го создаваат тој квалитет.
Наши вредности се:
- Занаетска прецизност и висок професионален стандард
- Почит кон секој вработен и слушнат глас
- Тимска култура базирана на доверба, фер однос и колегијалност
- Законски и стабилен работен однос
- Висока и прогресивна плата + Платени прекувремени, бонуси и награди
- Прослави на успеси, тим-билдинзи, обуки и континуиран развој
- Безбедна и современа работна околина со модерна технологија
- Клиентела што зборува за нашето име.
About – Branko Gapo