ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО е успешна македонска компанија со над 50 вработени. Поради зголемениот обем на работење
ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО
објавува ОГЛАС за вработување на
Лиценциран царински декларант
Опис на работните задолженија:
- Изработка на Царински декларации за увозно и извозно царинење за сите предвидени постапки
- Одредување на тарифни кодови за стоки во царинска постапка
- Познавање и практикување на царинските прописи
- Следење на релевантните промени во царинскот закон и примена на истите
- Професионален однос со клиентите, царинските службеници и останатите колеги во компанијата
- Информирање на клиентите за процесот на царинење на нивните пратки
- Процесирање на барања и дозволи во електронскиот систем на дозволи EXIM
- Изработување на останати документи поврзани со постапките за царинење на пратките
- Придржување кон прописите, процедурите и процесот на работа.
Потребни квалификации:
- Најмалку завршено средно образование
- Поседување на Лиценца за царинско посредување
- Претходно работно искуство од најмалку 1 година на иста позиција
- Англиски јазик – не е задолжително но ке се смета за предност
- Познавање и примена на MS office (xls, word, power point)
- Познавање на Еурека/Каспер оперативен систем за изработка на Царинските декларации.
- Одлично познавање на SOCDAD и EXIM
- Возачка дозвола од Б категорија
Профил на кандидатот:
- Одлични комуникациски вештини, доверливост, и способност за работа во тим во динамични услови
- Способност за решавање на проблеми, и ориентираност кон резултати
- Способност за работа под временски притисок за која се бара високо ниво на експедитивност и ефикасност
- Способност и желба за учење и понатамошно развивање
ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО ВИ ОВОЗМОЖУВА :
- Пријатна работна атмосфера,
- солидни приходи,
- стабилни услови,
- можност за напредување и развој во кариерата.
Аплицирајте на следнава адреса:
info@falconlogistic.mk