ИЗИДА СПА ДООЕЛ
Трговското друштво за производство, трговија и услуги ДООЕЛ Изида е основано 1994 година со седиште на бул. Туристичка бр.44 Охрид. Основач на оваа компанија е Сузана Наумоска, дипломиран менаџер, лаборант, козметичар, естетичар. Компанијата започнува да работи со еден вработен и на изнајмен простор од 20 метри квадратни со капацитет на работење од еден клиент на час, а се нудеа околу десеттина козметички услуги. Првичниот мал козметички салон, прераснува во мини SPA центар со најсовремена IPL и IRF (ласерска и радиофреквентната технологија) и стручен тим на вработени, физиотерапевти, козметологија и естетичари, со палета од над сто понудени услуги и капацитет од 10 – 15 клиенти на час.
Изида следејќи ги најновите трендови и откритија на трендови во Љубљана, Белград, Париз, Ница, Болоња, се стекна со над триесет лиценци за работа и мајсторска диплома од “Занаетчиска комора”, под покровителство на комората Кобленс.
Во последната деценија козметологија прераснува во барана професија, за козметиката станува дел од современото живеење и севкупната туристичка понуда во регионот.
Изида е водена и мотивирана од девизата: “Човекот постигнува толкав успех, колку што очекува од самиот себе“.
Успешноста и профилираноста на изида се должи на:
Со Изида зачекорите во светот на професионалните третмани, чувствувајте се како потполно нова личност и потонете во вистинско уживање Искористете ги придобивките од долгогодишното искуство комбинирани со висока технологија и иновативните Wellness техники од потребите на вашата кожа и тело: слабеење, затегнување, релаксација… Блеснете со вашата природна убавина, бидете слободни и прашајте ги вашите Изида терапевти за совет или информација.
За нас | Козметичко студио во Охрид, wellness